На денешниот Светски ден на детето, на денот кога во 1989 година беше усвоена Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата, папата Фрањо објави пост на платформата Х во која прашува: Колку деца се лишени од правото на живот и на физичкиот и менталниот интегритет? Колку деца се принудени да бидат сведоци на конфликти или да учествуваат во нив?
„Ниту една војна не вреди за детските солзи“
Папата Фрањо повторно го сврте вниманието на малолетниците и тоа го прави на Светскиот ден на детето, кој потсетува на нивните неизоставни права, воспоставен на денот кога во 1989 година беше усвоена Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата.
Додека во тек се иницијативи во рамките на кампањата на УНИЦЕФ со наслов „Децата меѓу војните и заборавените кризи“, чија цел е да се споменат многуте деца во светот кои живеат во кризни ситуации, со посебно внимание на шесте земји погодени од насилство, папата Фрњо преку платформата X (поранешен Твитер) и неговиот профил на девет јазици @Pontifex, ја објави неговата порака во форма на прашања со цел да предупреди и да предизвика размислување.
На колку деца им се одземени основните права на живот и физички и ментален интегритет поради конфликти? Колку деца се принудени да учествуваат или да бидат сведоци на борби и да ги носат лузните? Ниту една војна не вреди за детските солзи.
Војната е секогаш пораз
Овие зборови на Папата го продолжуваат апелот што го упати на 10 ноември во пораката до учесниците на 6. Париски форум за мир. Ниту една војна не вреди за солзите на мајката која го гледа своето дете осакатено или мртво – истакна тогаш папата Фрањо и додаде: Ниту една војна не вреди за загубата на животот дури и на една човечка личност која е свето битие, создадено според образот и подобието на Создателот; ниедна војна не вреди да го труе нашиот заеднички дом; ниту една војна не вреди за очајот на оние кои се принудени да ја напуштат својата татковина и во еден момент се лишени од својот дом и сите семејни, пријателски, социјални и културни врски што ги граделе, понекогаш со генерации.
Ниту една војна, која секогаш, секогаш, секогаш е пораз за човештвото, повтори Папата во пладневениот говор за време на молитвата Ангел Господов на 19 ноември.
Ватикан њуз/к.мк