Папата: Не смееме да го заборавиме насилството и болката од холокаустот

Папата: Не смееме да го заборавиме насилството и болката од холокаустот

Четириесет години од Неокатехуменскиот пат во Берлин

Никогаш не треба да го заборавиме грозното насилство и неискажливите болки од истребувањето на еден народ – напиша папата Фрањо во пораката, која ја потпиша државниот секретар, кардинал Паролин, по повод концертот на Берлинската филхармонија, која го одржа по повод 40. години Неокатехуменскиот пат во германскиот главен град, Берлин. Изведена е катехетската симфонија на Кико Аргуело, основач на Неокатехуменскиот пат, со наслов „Страдање на недолжните“, која е псовеена на трагедијата која ја поминале Евреите во минатиот век.

Вкоренета во традциијата и инспирирана од библиските тажалки таа симфонија го обновува сеќавањето на бројните жртви од холокаустот. Тоа е постојана опомена за сите нас да се ангажираме за помирување, меѓусебно разбирање и љубов кон „постарите браќа“ Евреите, и истовремено за живот посветен на оние кои страдаат, сиромашните и сите оние кои од длабочината на битието копнеат за спасение.

Пораката е испратена до берлинскиот надбискуп Хајнер Кох, а свеченостите кои по повод 40. години од Неокатехуменскиот пат во Берлин се одржаа во главниот германски град, освен симфонијата опфаќаа и евхаристиска благодарност и промоција на книгата „Забелешки“ од Кико Аргуело.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот