Нека вашата христијанска комуникација биде без придавки – рече папата Фрањо, примајќи ги во аудиенција членовите и ракводството на Дикастеријата за комуникација по повод пленарното собрание на дикатеријата, кое се одржа на 23 септември 2019 година.
Нека вашата христијанска комуникација биде без придавка – рече папата Фрањо за време на аудиенција со членовите и раководството на Дикастеријата за комуникација по повод пленарното собрание на дикастеријата. Папата на сите им се заблагодари за посветената работа во ватиканските медиуми и истакна дека во коренот на секоја комуникација е Божјата желба да се соопштува Бог кој комуницира внатре во себе и се објавува на нас. Да соопштуваш значи да земеш од Божјата суштина и да имаш исто однесување; не можеме да останеме сами мора да го соопштуваме она што го имаме и мислиме дека е вистинито, праведно, добро и убаво.
Се комуницира со душата и телото, умот и срцето, рацете и сѐ останато – рече Светиот Отец и напомена, вистинскиот комуникатор се дава целиот себе, целиот се става во комуникација и не се штеди. Љубовта е најголемата комуникација. Не смеете да спроведувате само реклами како што тоа го прават компаниите кои настојуваат да придобијат што повеќе луѓе. Не смеете да правите прозелитизам, вашата комуникација мора да биде христијанска. Црквата расте затоа што е привлечна и комуникацијата мора да биде сведоштво.
Ако сакате да ја соопштувате вистината без добрина и убавина не го правете тоа – рече папата Фрањо и предупреди: Ако сакате да ја соопштувате вистината, а да не се вклучите и без сведоштвото на својот живот не го правете тоа. Во сѐ што правиме постои потписот на сведоштвото. Христијаните се сведоци и маченици, нашиот повик е да бидеме сведоци. Световноста секогаш била опасност за Црквата. Многумина сметаат дека Црквата мора да биде мала, но автентична. Сепак заради тоа не смееме да бидеме резигнирани; мали, вистина е, но мали како квасецот и солта.
Резигнацијата во културен пораз доаѓа од зли духот. Резигнирано да се жалиш не е христијански дух. Не се плашете. Да, малку сме, но сакаме на другите да им покажеме кој сме и да навестуваме со сведоштвото. Именките ја изразуваат реалноста. На именката христијанин не е потребна придавката „автентичен“. Нека вашата комуникација биде скромна, но убава. На убавината не и треба претерување. Потребно е да се комуницира со сведоштвото, вклучувајќи се себе во комуникацијата, да комуницираш со именки, како маченици и Христови сведоци – заврши Папата
Ватикан њуз/к.мк