Мигрантите се наши браќа и сестри кои бараат подобар живот далеку од сиромаштвото, гладот и војната – е пораката која папата Фрањо ја објави на својот профил на твитер @Pontifex, на 8 јули 2017 година, на четвртата годишнината од посетата на Лампедуса.
Папата бара без затворање да одиме во пресрет на бегалците и прогонетите.
Тој повик на Папата, во разговор за Радио Ватикан го коментираше патет Фабио Баџо, потсекретар на одделот за бегалци и прогонети во Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој, оддел кој – потсетуваме – лично го води папата Фрањо, и истакна дека искуството покажува дека рамнодушноста, поттикнато најмногу од недоволно познавање на другиот, во моментот кога се запознаваат животите на тие луѓе кои чукаат на нашата врата, се претвора во отворено срце.
На новинарска забелешка дека посетата на Папата на Лампедуса ја разбуди свеста на многу луѓе, патер Баџо истакна дека, тоа беше првото патување на папата Фрањо надвор од Рим и Ватикан. Папата сакаше да биде присутен, сакаше да потсети дека никој не може да се почувствува неодговорен пред таквите трагедии – рече патер Баџо и на крајот напомена дека отвореноста кон тие луѓе треба да биде остварена на разумен и сигурен начин, дозволувајќи таа постапка да опфати прифаќање – преку кое потоа следува и интеграција – така што тоа да не биде на ничија штета, и да не пробуди страв кај луѓето кои ги примаат, напротив да биде богатство и заеднички раст.
РВ/к.мк