Папата на Твитер за таинството на смртта и верата

Папата на Твитер за таинството на смртта и верата

Сите сме мали и беспомошни пред таинството на смртта. Меѓутоа, колкави само благодати имаме ако во тој час го сочуваме пламенот на верата во нашите срца! – порача папата Фрањо на своите следбеници на Твитер по повод споменот на сите верни покојни, односно Задушница.

А како што објасни на 18 октомври ова година за време на Генералната аудиенција во среда, Исус ќе нѐ земе за рака, како што ја зеде за рака ќерката на Јаир, и уште еднаш ќе повтори: Talità kum! Девојко! Ти заповедам, стани! (Марко 5, 41) Тој тоа ќе ни го каже на секој од нас: „Стани, воскресни!“

Светиот Отец потоа ги повика присутните да ги затворат очите и да размислуваат за тој момент: за својата смрт. Нека секој од нас мисли на сопствената смрт – продолжи Папата – и замисли го моментот кој ќе дојде, кога Исус ќе нѐ фати за раката и ќе ни каже: Дојди, дојди кај мене, стани! Овде ќе престане надежта и ќе настапи реалноста, реалноста на животот. Размислете добро: самиот Исус ќе дојде до секој од нас и ќе нѐ фати за рака, со својата нежност, благост и љубов. И нека секој во своето срце ги повтори Исусовите зборови: „Стани, дојди. Стани, дојди. Стани, стани за нов живот!“

Тоа е нашата надеж пред смртта. За оној кој верува, тоа е вратата која целосно ширум се отвора; за оние кои се сомневаат тоа е зрак светлина која се пробива низ вратата која не е целосно затворена. Но, за сите нас тоа ќе биде милост, кога таа светлина, средбата со Исус ќе нѐ просветли – рече во таа прилика папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот