Светиот Отец минатите денови како и обично на својот профил на Твитер, сподели кратки размислувања и поттик за христијанскиот живот и вера.
Така во понеделникот, на 20 февруари 2017 година го напиша следното: „Ако злото е заразно, тогаш и добрината е заразна. Да дадеме да се заразиме од доброто и да ја шириме добрината!“ Во вторник 21 февруари 2017 година во својата порака на Твитер, Папата истакна дека „Бог знае подобро од нас што ни е потребно; мораме да му веруваме затоа што неговите патишта се поинакви од нашите.“ Во пораката објавена во среда 22 февруари 2017 година Светиот Отец порачува: „Исус на Петар му ги довери клучевите за да го отклучи Царството Небесно, а не за да го заклучи.“
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк