Папата на светата Миса за посвета на елеј: Бог е блиску до својот народ

Папата на светата Миса за посвета на елеј: Бог е блиску до својот народ

Бог е блиску до својот народ – рече папата Фрањо за време на светата Миса за посвета на елејот која ја предводеше во базиликата Света Петар.

Светиот Отец во својата проповед напомена дека денешните литургиски читања го потсетиле на делот од Петтата Книга Мојсеева: „Оти има ли некој голем народ, кому неговиот бог му се приближил толку, како што е близок кон нас Господ, нашиот Бог, кога и да го повикаме?“ (5 Мој 4, 7). Папата рече дека во 61 глава од Книгата на пророкот Исаија го гледаме слугата кој Бог го помазува и испраќа меѓу народот за да им биде во близина на бедните, болните, заробените… а врз него е Духот Господов кој го зацврстува и го придружува на неговото патување.

Папата Фрањо рече дека во псалмот 88 ја воочуваме близината на Бог кој го водел царот Давид за рака кога бил млад и го подржувал додека стареел. Со други зборови Бог се покажува како верен затоа што верноста ја означува близината во текот на времето. Книгата Откровение нè приближува до Господ Кој доаѓа лично. Господ секогаш ни доаѓа, ако одлучиме да се приближиме, како „ближни“ на сите оние кои страдаат, а посебно до децата. Коментирајќи ја четвртата глава од Евангелието според Лука во која Исус го чита спомнатиот дел од Исаија, Светиот Отец рече дека Исус заради своите вештини можел да избере да биде книжник, но тој сакал да биде евангелизатор, уличен проповедник, донесувач на радосната вест. Тоа е големиот Божји избор: Господ избра да биде близу до својот народ.

Близината е став кој ја вклучува целата личност, нашиот начин на однесување, нашиот начин на станување внимателни како на самите себе така и на другите – рече Папата. Рече дека луѓето го користат изразот „тој ни е близок“ кога опишуваат свештеник кој секогаш е присутен и кој знае да разговара со сите. Близината е важна за евангелизаторот затоа што е клучен став во Евангелието – објасни папата Фрањо. Тоа е клучот за милосрдието, а и за вистината затоа што ја скратува одалеченоста, како што се покажува во параболата за добриот Самарјанин.

Но, може ли одалеченоста навистина да се скрати кога станува збор за вистината? – праша Светиот Отец. Да, затоа што вистината не е само дефинирање на ситуацијата и работите по пат на апстрактно и логичко аргументирање со одредена одалеченост, туку исто така е верност. Ти овозможува да ги наречеш луѓето со нивното вистинско име, како што Господ ги нарекува, пред да ја категоризираме или дефинираме нивната ситуација. Папата предупреди правењето од одредени апстрактни вистини – идоли ги одалечуваат обичните луѓе од исцелувачката близина на Исусовите зборови и светите Тајни.

Папата Фрањо потоа рече дека Марија како вистинска мајка ни е близу. Таа чекори брзо за да ни служи и да биде во близина во ситуациите на другите за да знае кои се нивните потреби. Во вистински момент во Кана со тонот на кој им рекла на слугите „Што ќе ви каже направете!“ од тие зборови го правила мајчинскиот модел за целиот црковен јазик – рече папата Фрањо. Светиот Отец потоа предложи три подрачја на близината на свештеникот, каде што „мајчинскиот тон“ на Марија треба да го слушнат оние кои им служат на свештениците. Најпрво е потребна „близината во духовниот разговор“ како во Исусовиот разговор со Самарјанката во кој Исус најпрво подучува, потоа нежно ѝ помага да го признае гревот за конечно да ја „зарази“ со мисионерскиот дух.

Второто пак е „близина во исповедта“, а како пример Папата го даде Исус во дијалог со жената која била фатена во прељуба. Исус ѝ вели: Оди и повеќе не греши (Иван 8, 11), откако се наведнува, станува и вели „Нити Јас не те осудувам.“ Светиот Отец напомена дека зборовите „оди и од сега не греши“ треба да се изговорат со тон на вистина и верност за да му се овозможи на грешникот да гледа кон напред, а не кон назад. Конечно, потребна е „близината на проповедувањето.“ Папата Фрањо во тој контекст потсети на проповедувањето на Петар на Педесетница кое длабоко ги потресуваат слушателите. Тоа ги доведува до прашањето: Што треба да направиме? (Дела 2, 37) Тоа е прашање кое мораме да го поставиме и да одговориме со мајчински и црковен тон – рече Папата.

На крајот Светиот Отец ги поттикна свештениците да се приближат на својот народ и до Господ во Неговото Слово кога чувствуваат дека се далеку од Бог и од народот. Тој ги поттикна да одат со својот народ како пастири: понекогаш напред, понекогаш во средина, а понекогаш позади. Народот нема да го цени свештеникот само заради тоа, туку ќе се чувствува дека има нешто посебно во него: нешто што го чувствуваат само во Исусовото присуство – заврши Папата.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот