По процесијата од ватиканската базилика до синодската сала во придружба на учесниците на синодата вклучувајќи ги и преставниците на домородните народи, папата Фрањо ја отвори Синодата за Панамазонското подрачје.
Да се сфати, да се размислува и служи на народите во Амазонија, на настанот кој не е тркалезна маса или конференција, туку синодско одење затоа што синодата не е парламент, туку можност за размислување, разговор, понизно слушање, храбар и отворен говор, расудување и постојано чување на братството – рече папата Фрањо во воведното заседавање на посебната Епископска синода за Панамазонското подрачје која се одржува на тема „Новите патишта на Црквата и за интегрална екологија.“
Папата на синодските оци ги советуваше на амазонските народи да им се приближат „на прсти“, почитувајќи ја нивната историја, нивната култура, нивниот начин на живот, нивната поезија. Не дојдовме овде со прагматични намери, со програми за општетсвен развој или за заштита на културата или делување на начин кој доведува до уништување на шумите и искористувњето, туку со димензијата која е далеку од монденоста, која има очи и срце на ученици и мисионери без прозелитизам со почитување на реалноста на народот кој е суверен – истакна Папата.
Зборувајќи на шпански јазик, папата Фрањо се заблагодари за долгата подготовка за овој настан, од Пуерто Малдонадо во срцето на перуанската Амазонија до денес и ги истакна четирите димензии на синодата: пасторална, културална, општествена и еколошка кои – како што рече, ги води „главниот протогонист“ односно Светиот Дух. Освен тоа поттикна да се оди понатаму од идеолошките колонизации, почитувајќи ја автентичноста на културата на домородните народи. Идеологиите се опасно оружје затоа што се рестриктивни и во основа се мото и навредливи зборови кои го програмираат пристапот на староседелските народи. Папата се осврна и на шеговитиот коментар кој го слушнал вчера, упатен на еден човек со пердуви на главата и рекол дека всушност нема разлика помеѓу перјата и тророгиот шешир кој го користат службениците во дикастериите.
Поттикнувајќи на работа на документот „Instrumentum laboris“, Папата објасни дека станува збор за „текст маченик“ односно дека е потребно да се менува, дури и целосно да се уништи за време на работите затоа што тој е појдовната точка со која ќе управува Светиот Дух. Да се биде на синодата значи да се влезе во процес, што не значи заземање на простор во салата, туку да бидеме опфатени – како децата, од топлината на заедницата и на Мајката Црква, негувајќи го братскиот изглед, близина, користејќи се со вниманието во комуникацијата со надворешниот свет за да се избегне било какво недоразбирање – објасни Светиот Отец.
Папата утрото пред почетокот на синодата во базиликата Свети Петар се задржа во собраност и молитва заедно со учесниците на собирот, поздравувајќи ги посебно претставниците на домородните народи кои во процесија организирана од ватиканската базиликата до синодската сала носеа кајак полн со предмети и симболи за нивнат историја и традиција. При минувањето на плоштадот Свети Петар на Папата го придружуваат со својата топлина и со натписите за интегрална екологија, но и споменот на оние кои ги загубија животите заради заштитата на амазонските и другите подрачја.
Ватикан њуз/к.мк