На завршната седница на првото заседание на XVI Редовното Генерално Собрание на Синодата за Синодалност, која заврши со света Литургија во недела на 29 октомври во Ватикан, папата Фрањо уште еднаш истакна дека Светиот Дух е протогонистот на синодата
Светиот Дух е протогонистот на оваа Синода – истакна папата Фрањо во краткиот поздрав на завршната седница на првото заседание на XVI редовно генерално собрание на Епископската синода одржана во сабота попладне.
Сакам да ве потсетам дека протогонист на оваа Синода е Светиот Дух и затоа предлагам да го понесете со себе текстот на Свети Василиј што ни го подготви отец Давиде Пирас: продолжете да размислувате за него, тоа може да ни помогне.
Своето обраќање, на шпански јазик, Светиот Отец го започна со благодарност до сите што одиграа важна улога на синодската средба. Сакам да се заблагодарам на секој од вас за вашата работа – рече тој и додаде: Кардинал Греч не спиеше ноќе; Кардиналот Холерих беше учител на новите; Натали Бекарт, Луис Марин де Сан Мартин, отец Џакомо Коста, дон Рикардо Батокио, Џузепе Бонфрате, сестра Марија Грација Анџелини, фра Тимоти Редклиф кои со нас го споделија нивното духовно знаење, како и на оние „скриените“, на сите оние кои се тука зад нас, кои не ги гледаме, но кои го овозможија сето ова. Ви благодарам на сите од се срце – рече Папата.
Во сабота вечерта, 28 октомври е објавен сумиран извештај, а во недела 29 октомври оваа прва сесија на Синодата заврши со света Литургија, која ја предводеше папата Фрањо.
Потсетуваме, XVI редовно генерално собрание на Епископската синода се одржува во два дела,: првиот дел од 4 до 29 октомври 2023 година, вториот во октомври 2024 година.
Ватикан њуз/к.мк