Папата на Екуменската вечерна служба: Да ја проповедаме верата со еден глас

Папата на Екуменската вечерна служба: Да ја проповедаме верата со еден глас

Мисијата на апостол Павле е мисија на сите христијани денес, да го проповедаат Христос и да ги повикаат сите да веруваат во Него, потсети Папата на крајот од Молитвента осмина за единство на христијаните.

Вечерта на 25 јануари 2026 година, папата Лав XIV учествуваше на вечерната молитва во базиликата „Свети Павле“ надвор од ѕидините во Рим, со која заврши 59. Молитвента осмина за единство на христијаните. Се одржува од 18 јануари, на тема: „4Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање“ (Еф. 4,4).

Традиционално, на службата со Папата присуствуваа поглавари и претставници на разни цркви и христијански заедници. Меѓу нив беа митрополитот Поликарп, претставник на Вселенската патријаршија, надбискупот Хајак Барсамијан од Ерменската апостолска црква и епископот Ентони Бол од Англиканската заедница. Поделбите го прават сведоштвото на христијаните помалку транспарентно за светот.

Во својата проповед, Папата потсети дека благодарение на средбата со воскреснатиот Христос, апостол Павле се преобразиил од прогонител на Исус во сведок и ревносен проповедник на Неговата љубов. Лав XIV истакна дека мисијата на апостолот останува мисија на сите христијани денес: „да го проповеда Христос и да ги повикува сите да се надеваат на Него“. Во овој контекст, Лав XIV нагласи дека поделбите меѓу христијаните, иако не можат да ја изгаснат светлината Христова, го прават нивното сведоштво помалку транспарентно за светот.

Проповедајте ја верата со еден глас

Потсетувајќи се на минатогодишното заедничко одбележување на 1700-годишнината од Никејскиот собор во Изник, Турција, Папата истакна дека заедничката молитва на местото каде што е формулиран Символот на верата станала драгоцено сведоштво за единството на христијаните.

„Тој момент на братство ни овозможи и да го славиме Господ за она што го постигна преку никејските отци, кога им помогна јасно да ја изразат вистината за Бога, кој остана близок до нас, среќавајќи се со нас во Исус Христос.“

„ Светиот Дух денес нека ни дарува послушен ум, за да можеме со еден глас да ја навестуваме верата на луѓето од нашето време“, посака Папата.

Препознајте и сведочете за единството

Папата истакна дека во фразата од Посланието до Ефесјаните, избрано како тема на овогодинешната Молитвена осмина, зборот „еден“ се повторува многу пати: едно тело, еден Дух, една надеж, еден Господ, една вера, едно крштевање, еден Бог. Тој нагласи дека ова единство е веќе реалност и мора да се препознае, доживее и посведочи на светот.

„Христијаните мора да имаат длабоко внатрешно убедување дека единството е важно не за стратешка предност или политичка добивка, туку за проповедање на Евангелието“, забележува Лав XIV, цитирајќи ги зборовите на Свети Иван Павле II.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот