Во рамките на подготовката за Синодата за младите која ќе се одржи во октомври оваа година, младите од италијанските бискупии беа на ходочастие во Рим. Врвот на нивното ходочастие беше средбата и молитвеното бдение со папата Фрањо.
Чекор по чекор, младите на пат од повеќе италијански бискупии пристигнаа во Рим каде поминаа два дена исполнети со средби, молитва и музика. Станува збор за иницијатива во организација на Италијанската епископска конференција во рамките на приближувањето до уште еден многу важен црковен настан – синодата која ќе се одржи од 3 до 28 октомври на тема „Младите, верата и размислувањето за звањето.“ Првата цел на нивното ходочастие на кое појдоа на 3 август беше молитвеното бдение на стадионот „Circo Massimo“ и средбата со папата Фрањо на 10 август 2018 година.
Средбата со Светиот Отец и неговите зборови бараат исто така способност за застанување и за момент да се размисли за проживеаното затоа што одењето го прават чекорите, но и одморот. Заради тоа младите после бдението ќе имаат прилика да доживеат посебна „бела ноќ“. Некои цркви на просторот помеѓу стадионот и базиликата Свети Петар ќе останат отворени за лична и заедничка молитва, и за Исповед. А некои цркви ќе бидат „анимирани“ благодарение на помошта од здруженија, бискупии и движења.
На 12 август младите ходочасници повторно ќе се сретнат со папата Фрањо и тоа на плоштадот Свети Петар. Папата ќе им даде мисионерски мандадат, и ќе ги благослови даровите кои младите Италијанци ќе ги понесат на Светскиот ден на млади во Панама, а тоа е крстот на свети Дамјан и Лоретската Богородица..
РВ/к.мк