Папата Лав XIV размислуваше за тоа како Успението на Пресвета Богородица ја открива целта на човештвото за вечен живот и се молеше за оние што страдаат во Светата Земја, Украина, Русија и во Колумбија погодена од земјотрес.
Папата Лав XIV го одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица, повикувајќи ги верниците да размислуваат за својата крајна цел: полнотата на вечниот живот во Бога.
Обраќајќи им се на ходочесниците собрани во Кастел Гандолфо за пладневната молитва „Ангел Господов“ во сабота, 15 август 2026 година, Папата го опиша Успението како празник од големо значење и за католичката теологија и за народната побожност.
Тој истакна дека оваа свеченост е особено драга во заедниците чии катедрали или парохиски цркви се посветени на Успението на Пресвета Богородица.
Успението на Богородица
Папата Лав XIV размислуваше за два главни начина на кои уметниците низ вековите ја прикажувале тајната на Успението.
Првата и најстара традиција го прикажува Успението, односно „заспивањето“ на Мајката Божја. На овие слики, Марија лежи на одар, опкружена со апостолите во молитва, додека воскреснатиот Исус ја држи нејзината душа во Своите раце како новородено дете.
Оваа слика Го прикажува Христос како доаѓа да ја земе Својата Мајка во небесната слава, објасни Папата, исполнувајќи го за неа ветувањето што им го дал на Своите ученици: „Пак ќе дојдам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие каде што сум Јас.“
Оваа древна иконографија истакнува една централна вистина на христијанската вера: Христос, Кој умре и воскресна, е Оној што го води човештвото до целта судбината за која е создадено, вечниот живот.
Генерации верници размислувале за оваа таинаство преку иконите на Успението, рече папата Лав, посочувајќи особено на големиот апсиден мозаик во римската базилика „Света Марија Велика“.
Земена со тело и душа
Втората уметничка традиција, која подоцна се развила на Запад, ја прикажува Марија како стои на небото, опкружена со светлина, ангели и светци.
Во центарот е прославеното тело на Дева Марија, кое потсетува на видението од Книгата Откровение за „жена облечена во сонце, со месечината под нозете и со венец од дванаесет ѕвезди на главата“.
Некои уметници ги споиле двете традиции, прикажувајќи ја Марија во небесна слава над празен гроб исполнет со шарени цвеќиња, додека апостолите гледаат нагоре.
Овој втор модел, објасни Папата, нагласува дека Марија била земена на небото со тело и душа, односно во целосноста на својата личност.
Жената што Му даде тело и крв на Воплотеното Слово и Го следеше Исус до целосно соединување со Неговата жртва, беше привлечена од Него засекогаш во славата.
Бескрајна прослава
Папата Лав XIV на крајот нагласи дека Успението укажува и на целта што ги очекува сите верници.
„Полнотата на животот, на која денес радосно ѝ се восхитуваме во Марија, нè очекува и нас на крајот на времето“, рече тој.
Цитирајќи го свети Павле, Папата потсети дека воскреснатиот Христос ќе ги преобрази нашите понизни тела, за да бидат слични на Неговото славно тело, облекувајќи го распадливото во нераспадливост, а смртното во бесмртност.
Тогаш, рече тој, со човечко тело преобразено од љубовта на Спасителот, верните ќе живеат засекогаш „во бескрајна прослава“.
„Да Го славиме Господа“, заклучи папата Лав XIV, „Кој направи големи дела во Неа и во нашата Пресвета Мајка!“
Молитви за мир и за жртвите од земјотресот
По молитвата „Ангел Господов“, папата Лав XIV ги довери на застапништвото на Марија сите на кои им е потребна надеж и утеха.
Тој се молеше особено за народите во Светата Земја, Украина и Русија, како и за христијаните што страдаат од дискриминација или прогонство.
Папата повторно ги обнови и своите молитви за луѓето во Колумбија, погодени од неодамнешниот земјотрес, повикувајќи ги сите заедно да повикаат: „Света Маријо, моли се за нас!“
Ватикан њуз/к.мк

