Папата најави конзиториум за именување нови кардинали

Папата најави конзиториум за именување нови кардинали

На крајот од молитвата Ангел Господов на 9 октомври 2016 година, Папата најави дека во сабота на 19 ноември – ден пред затворањето на Светата врата на милосрдието – ќе одржи конзисториум на кој ќе именува седумнаесет нови кардинали од пет континенти.

Тие доаѓаат од единаесет држави што сведочи за универзалноста на Црквата која навестува и ја сведочи Радосната вест на Божјото милосрдие во секој дел од земјата. Тоа што ќе бидат прогласени за кардинали во Римската бискупија ја покажува нераскинливата врска со Петровиот наследник со локалните цркви во целиот свет.

Имињата на новите кардинали:

  1. Монс. Марио Зенари, апостолски нунциј во Сирија
  2. Монс. Диедоне Нзапалаинга, надбискуп на Банга (Централна Африканска Република)
  3. Монс. Карлос Осоро Сиера, надбискуп на Мадрид (Шпанија)
  4. Монс. Серхио да Роча, надбискуп на Бразилија (Бразил)
  5. Монс. Блес Ј. Чупич, надбискуп на Чикаго (САД)
  6. Монс. Патрик Д Розарио C.S.C., надбискуп на Дака (Бангладеш)
  7. Монс. Балтазар Енрике Порас Кардозо надбискуп на Мерида (Венецуела)
  8. Монс. Јозеф Де Кесел, надбискуп на Мехелен-Брисел (Белгија)
  9. Монс. Морис Пијат, надбискуп на Порт-Луис (Маурициус)
  10. Монс. Кевин Јосиф Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот (САД)
  11. Монс. Карлос Агуиар Ретес, надбискуп на Тланепантле (Мексико)
  12. Монс. Џон Рибат M.S.C., надбискуп на Порт Морезби (Папуа Нова Гвинеја)
  13. Монс. Јосиф Вилјам Тобин., надбискуп на Индијанаполис (U.S.A.)
  14. Монс. Ентони Сотер Фернандез, надбискуп во мирување од Куала Лумпур (Малезија)
  15. Монс. Ренато Корти, надбискуп во мирување во Новара (Италија)
  16. Монс. Себастијан Кото Коараи, еписво мирување од бискупијата Мохалес Хоек (Лесото)
  17. Отец Ернест Симони, свештеник на Скадарската бискупија (Скадар – Албанија).

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот