Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол потврди на новинарско прашање дека папата Фрањо му ја доверил на кардиналот Матео Зупи, претседателот на Италијанската бискупска конференција, мисијата со цел да ги поттикне патиштата за мирот во Украина.
Одговарајќи на новинарско прашања, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, потврди дека папата Фрањо му ја доверил задачата на кардиналот Матео Зупи, надбискуп од Болоња и претседател на Италијанската бискупска конференција, да ја води мисија, во договор. со Државниот секретаријат, која би придонела за намалување на тензиите во конфликтот во Украина, со надеж, од која Светиот Отец никогаш не се откажал, дека може да се поттикнат патишта за мир.
Директорот Бруни на крајот додаде дека се разгледуваат времето и модалитетите на мисијата.
Ватикан њуз/к.мк