После темата дијалог и грижа за животната средина во завршниот дел од својот прв говор во Мароко, Папата ја спомна и темата за мигрантите
Сериозната мигрантска криза со која денес се соочуваме е итен повик до сите да се бараат конкретни начини за искоренување на причините кои ги присилуваат луѓето да ги напуштаат своите земји, своите семејства и кои често пати се маргинализирани и отфрлени, рече папата Фрањо а 30 март 2019 година во своето обраќање пред претставниците на мароканските власти на својот прв ден од Апостолската посета во Мароко.
После темата дијалог и грижа за животната средина во завршниот дел од својот прв говор во Мароко, Папата ја спомна втората тема која му е многу мила и многу актуелна. Папата потсети дека токму во Мароко минатата година е одржана Меѓувладина конференција за усвојување на Глобалниот договор за сигурна, уредна и редовна миграција, на која е усвоен документ, ко, како што рече Папата „има за цел да биде референтна точка за целата меѓународна заедница“. Навистина, додаде Папата „треба да се направи уште многу, посебно затоа што е потребно да се помине на обврските кои произлегуваат од тој документ, барем на морално ниво, на конкретни акции, а посебно промена на расположението кон мигрантите и да се гледаат како личности, а не како бројки и да им се признаат правата и достоинството во реалноста и политичките одлуки. Знаете ли колку ми значат тие, често страшни судбини, на тие луѓе, кои не би ги напуштиле своите земји ако не биле присилени – рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк