Во поздравите на крајот од Генералната аудиенција на 3 мај, папата Фрањо повторно се помоли за застапништвото на Марија за крај на насилството во Украина и Европа да истрае во верата, единството и хармоничната соработка, но пред се за мир.
Месец мај нека биде посветен на Марија, нека биде време за молитва на ’Броаница за мир’ – ги повика папата Фрањо присутните верници на плоштадот Свети Петар, поздравувајќи ги на различни јазици и потсети на повикот на Богородица до малите пастири во Фатима, секој ден да молат Бројаница за мир во светот и за крај на војната.
Мир во Украина
Обраќајќи им се на полските верници и нивните – како што рече – популарно наречени „роднини“ Унгарци, Папата го спомена Апостолското патување во Будимпешта и истакна колку е важен фактот што и Полска и Унгарија ја прогласија Марија за своја царица.
Молете за нејзино застапништво за вашите земји и за цела Европа, барајќи постојаност во верата, единство и хармонична соработка, но пред се мир, посебно во соседна Украина.
Украинскиот маченички народ го доверувам на Мајката на утехата и на царицата на мирот – рече папата Фрањо поздравувајќи ги италијанските ходочасници.
Ватикан њуз/к.мк