Папата: Мачењето луѓе е смртен грев

Папата: Мачењето луѓе е смртен грев

По повод Меѓународниот ден за помош на жртвите на мачење во пораката која ја објави на Твитер папата Фрањо истакна дека мачењето луѓе е смртен грев, повикувајќи ги притоа христијанските заедници да им помагаат на жртвите на мачење.

Мачењето луѓе е смртен грев! Христијанските заедници мора да се определат да им помагаат на жртвите на мачење – истакна папата Фрањо во пораката која ја објави на Твитер, на 26 јули 2018 година, по повод Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на мачење.

Меѓународен ден за поддршка на жртвите на мачење

Имено, на 26 јули 1987 година на сила стапи Конвенцијата на Обединетите нации против мачењето и други сурови, нечовечки и понижувачки постапки или казнувања. ООН секогаш го осудувала мачењето како едно од најподлите работи кои еден човек може да го направи на друг. Според меѓународното право, станува збор за злосторство и тоа е апсолутно забрането и во никој случај не може да се оправда. Тоа важи за сите членки на меѓународната заедница без оглед на тоа дали државата ги ратификувала меѓународните договори каде изрично се забранува мачењето луѓе или не. (…)

Мачењето не е работа на минатото

Меѓутоа и покрај тоа што меѓународното право апсолутно забранува мачење и денес сме сведоци на мачење, прогон, геноцид и други облици на сурово, понижувачко и нечовечко пстапување во многу земји во светот. Мачењето не е работа на минатото.

Залагањето на Папата

За време на својот понтификат папата Фрањо во повеќе наврати го осуди тоа злосторство. Така на 22 јуни 2014 година за време на молитвата Ангел Господов по повод Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на мачење, Светиот Отец истакна дека „да се мачат луѓе е смртен грев! Тоа е многу тежок грев!“ Но, Папата не се ограничи само на осудата, туку исто така ги повика христијаните со посветена соработка да работата на неговото искоренување и да им помагаат на жртвите и на нивните семејства.

Папата Фрањо во Аушвиц

Папата Фрањо против мачењето зборуваше и за време на својата посета на Полска во јули 2016 година. Суровоста не престанала во Аушвиц, Бикернау – предупреди во таа прилика Светиот Отец. И денес се измачуваат луѓе; многу затвореници се измачуваат за да проговорат… Тоа  е грозно! Денес постојат мажи и жени кои во пренатрупани затвори живеат, простете ми на изразот како животни!

Молитвено бдение

Екуменското здружение Христијанска акција за укинување на мачењето (Acat) и оваа година на 26 јули во целиот свет ќе одржи ноќно молитвено бдение против мачењето и смртната казна. Со тоа сака да ја искаже близината и поддршката на сите оние во светот кои претрпеле или трпат мачење или нечовечко и понижувачко постапување.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот