Папата Лав XIV ќе ја отвори академската година на Латеранскиот универзитет

Папата Лав XIV ќе ја отвори академската година на Латеранскиот универзитет

Папата во петок, 14 ноември 2025 година ќе го посети Папскиот Латерански универзитет, каде ќе присуствува на настанот „Dies Academicus“ и ќе се сретне со студенти и професори.

Папата Лав XIV ќе присуствува на настанот „Dies Academicus“ на Латеранскиот универзитет во петок, 14 ноември, во 11 часот, и ќе ја отвори академската 2025/2026 година на Папскиот универзитет. Универзитетот во соопштението наведува дека присуството на Светиот Отец ќе биде знак на посебно внимание кон академската заедница и нејзината посветеност за интегралното образование на новите генерации студенти, на теолошките, филозофските и правните истражувања и на дијалогот меѓу верата и културата. „Dies Academicus“ е вистинска можност за размислување и средба меѓу професорите, студентите и црковните и граѓанските власти.

Настанот ќе се одржи во присуство на Големиот канцелар, кардинал Балдасаре Реина, и ректорот, монсињор Алфонсо В. Амаранте, како и на академски авторитети и бројни гости од црковниот и културниот свет. Потсетуваме дека папата Фрањо го посети Латеранскиот универзитет на 26 март 2019 година, кога ја водеше традиционалната медитација за време на Велигденскиот пост организирана од универзитетот.

Латеранскиот универзитет има 1.137 студенти и 139 професори во академската 2023/2024 година. Неговата академска структура ги вклучува Теолошкиот и Филозофскиот факултет, Institutum Utriusque Iuris, Факултетот за Канонско и Граѓанско право, Пасторалниот институт Redemptor Hominis, Циклусот на студии по наука за мир и меѓународна соработка, Циклусот на студии по Екологија и заштита на животната средина: Грижа за нашиот заеднички дом и заштита на светот на создавањето. Тие се здружени како институти ad instar Facultatis, со своја автономија во управувањето и академското водство: Папскиот виш институт за морална теологија Accademia Alfonsiana, Папскиот патристички институт Augustinianum и Папскиот институт за теологија на посветен живот Claretianum.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот