На крајот од Генералната аудиенција, во среда 29 октомври 2025 година Папата ја изрази својата близина до сите погодени од бурата со разорна сила и ги повика цивилните власти да сторат сè што е можно за да му помогнат на локалното население. Тој им се заблагодари на христијанските заедници и волонтерите за укажаната помош.
Папата Лав XIV на крајот од Генералната аудиенција, упати апел за островите во Карипското Море погодени од ураганот Мелиса, кој предизвика разорни поплави, особено во Куба и на Јамајка. Ураганот предизвика раселување на илјадници луѓе, како и значителни штети на домови, инфраструктурни објекти и неколку болници.
Светиот Отец ја изрази својата духовна близина и молитва за жртвите, за раселените и за сите кои со вознемиреност и загриженост го очекуваат понатамошниот развој на бурата. Тој изрази благодарност до цивилните власти кои се обидуваат да направат сè што е можно за да се ублажат последиците, како и до христијанските заедници и волонтерските организации за нивната несебична помош.
Ватикан њуз/к.мк

