Папата Лав XIV го потпиша Апостолскиот поттик „Dilexi te“ за љубовта кон сиромашните

Папата Лав XIV го потпиша Апостолскиот поттик „Dilexi te“ за љубовта кон сиромашните

На денот кога Црквата го слави споменот на Свети Фрањо од Асизи, Папата го потпиша апостолскиот поттик „Dilexi te“, кој ќе го презентираат кардиналите Михаел Черни и Конрад Крајевски во Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 9 октомври во 11:30 часот.

„Dilexi te“ е насловот на првиот Апостолски поттик во понтификатот на папата Лав XIV, чија тема е љубовта кон сиромашните. Папата го потпиша на, 4 октомври, на споменн денот на Свети Фрањо од Асизи, во приватната библиотека на Апостолската палата во Ватикан, во присуство на надбискупот Едгар Пења Пара, потсекретар за општи работи на Државниот секретаријат.

Насловот на документот потсетува на четвртата и последна енциклика на неговиот претходник, папата Франциск, „Dilexit nos“, „За човечката и божествената љубов на срцето на Исус Христос“, од 24 октомври 2024 година. Канцеларијата за печат на Светиот Престол, исто така, објави дека презентирањето на документот од страна на префектот ќе се одржи во четврток, 9 октомври, во 11:30 часот.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат кардиналот Михаел Черни, префект на Дикастеријата за промоција на интегралниот човечки развој, и кардиналот Конрад Крајевски, папски милостионер и префект на Дикастеријата за милосрдие. Заедно со нив, документот ќе го презентираат Фредерик-Мари Ле Меоте, провинцијал на Малите Фратри во Франција/Белгија, доктор по теологија, преку далечинска врска, и сестра Клеманс, Мала Сестра Исусова од заедницата Тре Фонтане во Рим.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот