Папата Лав XIV ги прими во аудиенција шпанскиот крал Филип VI и кралицата Летиција

Папата Лав XIV ги прими во аудиенција шпанскиот крал Филип VI и кралицата Летиција

Папата Лав XIV, во петок 20 март, ги прими во аудиенција шпанскиот крал Филип VI и кралицата Летиција, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол. По средбата, кралскиот пар се сретна и со државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.

Во разговорите беше истакнато дека односите меѓу Светиот Престол и Шпанија се добри, а се нагласи и дека претстојното апостолско патување на Светиот Отец во Шпанија ќе биде особено значаен момент во тие односи. Се разговараше и за актуелни прашања поврзани со состојбата во земјата, како и за посланието на Црквата во општеството. Меѓу темите беше разгледана и важноста од постојано ангажирање за поддршка на мирот, како и зацврстувањето на начелата и вредностите што стојат во темелите на меѓународниот заеднички живот.

При размената на подароци, кралот Филип и кралицата Летиција му подарија на Папата Часослов на Филип II од 16 век, едно од најкарактеристичните дела создадени во работилницата на Кралскиот манастир Ел Ескоријал, каде што и се чува. На државниот секретар му беше подарена книгата „Света Шпанија: уметност и верување во шпанскиот свет“.

По заминувањето од Ватикан, шпанскиот крал и кралица се упатија во базиликата Света Марија Велика, каде што на кралот Филип VI му беше доделена титулата протоканоник на Капитулот на таа базилика.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот