Папата Лав ќе ги предводи литургиските славења во Божиќниот период

Папата Лав ќе ги предводи литургиските славења во Божиќниот период

Канцеларијата за литургиски прослави на Врховниот Понтифекс го објави распоредот на папата Лав XIV за литургиските славења за време на Божиќниот период.

Папата Лав XIV ќе предводи со повеќе литургиски славења за време на Божиќниот период, според календарот што во вторник, 24 ноември 2026 година, го објави Канцеларијата за литургиски славења на Врховниот Понтифекс.

На Бадник, 24 декември, Светиот Отец ќе ја предводи светата Литургијаа во ноќта на Рождеството Господово во базиликата „Свети Петар“, со почеток во 22.00 часот.

На Божиќ, 25 декември, Папата повторно ќе биде во базиликата „Свети Петар“, каде што во 10.00 часот ќе ја предводи свечената света Литургија на Рождеството Господово.

Напладне, во 12.00 часот, од централната ложа на базиликата ќе го упати традиционалниот божиќен благослов Urbi et Orbi, „на градот и на светот“.

Свеченоста на Марија, Пресвета Богородица, ќе започне на 31 декември во 17.00 часот со Првата вечерна молитва во базиликата „Свети Петар“. На крајот ќе биде испеана химнатаTe Deum во знак на благодарност за изминатата 2026 година.

Следното утро, на 1 јануари 2027 година, папата Лав XIV во 10.00 часот ќе ја предводи свечената света Литургија по повод празникот Марија, Пресвета Богородица, повторно во базиликата „Свети Петар“.

Божиќниот период продолжува со свеченоста Богојавление Господово на 6 јануари. Светиот Отец и тогаш ќе ја предводи светата Литургија во базиликата „Свети Петар“, со почеток во 10.00 часот.

Последното савење од Божиќниот литургиски период ќе биде празникот Крштение Господово, кој во 2027 година се слави на 10 јануари.

Папата Лав XIV ќе ја предводи светата Литургија во Систинската капела во 9.30 часот, а за време на богослужението ќе ја подели светата Тајна Крштение на повеќе деца.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот