Папата крсти 20 деца: Сега ја имаат смислата на животот

Папата крсти 20 деца: Сега ја имаат смислата на животот

Продолжувајќи ја традицијата започната во 1981 година од папата Иван Павле II, папата Лав во Систинската капела ја подели Светата Тајна Крштение на 20 деца на вработени во Ватикан.

Продолжувајќи ја 45-годишната традиција, папата Лав XIV во Систинската капела крсти 20 деца на вработени во Ватикан. Следејќи ги стапките на своите претходници, делењето на Светата Тајна се одржа за време на светата Литургија на празникот Крштевање Господово.

Нов знак на простување

Во својата проповед, Папата се осврна на влегувањето на Бог во историјата со слегувањето на земјата за да „се сретне со секој од нас со отворено и понизно срце“. Тој сака да се сретне со нашиот поглед и да ни го открие Словото на спасението, односно Исус Христос.

Земајќи човечко тело, рече Светиот Отец, „Синот Божји им нуди на сите изненадувачка можност, отворајќи ново и неочекувано време, дури и за пророците“. Иван Крстител веднаш го препознава ова и прашува: „Јас треба да бидам крстен од Тебе, а Ти доаѓаш кај мене?“

На овој начин, Исус се става Себеси на место какво што не би можеле да замислиме: „Тој е Светиот меѓу грешниците, Кој сака да живее меѓу нас без да се држи на дистанца, всушност, целосно преземајќи сè што е човечко.“

Исус објасни дека треба да биде крстен од Иван за да се „исполни сета праведност“. Но, папата Лав го поставува прашањето: што е праведност? Ние сме праведни преку Христос кој е крстен во Јордан, правејќи „нов знак на смртта и воскресението, на простувањето и заедништвото“.

„Со Бога, животот наоѓа спасение“

Оваа Света Тајна е истиот знак што го примија овие 20 деца затоа што, како што објасни Папата, „Бог ги сака, тие стануваат христијани, наши браќа и сестри“. Преку нивното крштевање, овие деца се обновуваат.

„Исто како што го примија животот од вас, нивните родители, така сега ја добиваат смислата со која ќе ја живеат: верата“, истакна Светиот Отец. Тој понатаму нагласи дека кога знаеме нешто дека е суштинско, се стремиме да им го дадеме на луѓето што ги сакаме. На пример, облека и храна за децата.

Сепак, дури и поголема од храната или облеката – кои се неопходни за живот – верата е уште поважна. „Зашто кај Бога животот наоѓа спасение“, рече папата Лав, а Божјата љубов кон неговите деца е видлива и опиплива преку родителите, кои бараат вера за своите деца.

Во иднина, истакна тој, ќе дојде денот кога децата „ќе бидат тешки за држење во раце; а ќе дојде и денот кога тие ќе бидат оние што ќе ве поддржуваат“. Во тоа време, Папата ги охрабри семејствата, молејќи се Крштевањето што нè обединува да им даде на семејствата сила и истрајност.

Светата Тајна Крштевањето е доказ за ова. Светата вода симболизира миење во Духот и очистување од гревот; белата облека е новата облека што Бог ни ја дава на Небото; а запалената свеќа доаѓа од велигденската свеќа и е светлината на воскреснатиот Господ.

Папата Лав заврши, молејќи се да продолжат по „овој пат со радост во текот на годината што претстои и во текот на целиот свој живот, уверени дека Господ секогаш ќе ги придружува вашите чекори“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот