Папата и Антиохискиот патријарх се молат за прогонуваните христијани

Папата и Антиохискиот патријарх се молат за прогонуваните христијани

Утринската светата Литургија во вторникот на 13 февруари 2018 година, папата Фрањо ја славеше со Патријархот на Антиохиската источно-мелкитска католичка црква Јосеф Абси, во домот Света Марта.

Папата не одржа вообичаена проповед, но упати кратко слово во кое ја објасни смислата на литургиското славење.

„Оваа литургија со нашиот брат патријархот Јосеф е потврда на апостолското заедништво: Тој е татко на една многу древна Црква и доаѓа во Рим, за да каже „јас сум во заедништво со Петар“, рече Папата. Оваа е смислата на денешното литургиско славење: прегратката на една Црква со Петар. Една богата Црква, со своја католичка теологија и величествена Литургија, како и еден народ кој во овој момент е распнат, како Исус. Оваа литургија ја пренесуваме за народот кој страда и за прогонетите христијани кои се откажуваат од своите животи, од добрата и имотот затоа што се прогонувани. Оваа литургија ја принесуваме и за службата на нашиот брат Јосеф.“

На крајот од Литургијата, патријархот му се заблагодари на папата Фрањо за поканата, велејќи: „Навистина сум возбуден од Вашето братско милосрдие, братските гестови и солидарноста што ја покажавте на нашата Црква. Ние ветуваме дека ќе Ве чуваме секогаш во нашето срце и во молитвите. Ние секогаш ќе се сеќаваме на овие историски моменти на братство и заедништво што ги поврзува сите следбеници на Христос.“ На крајот Папата и Патријархот го дадоа својот благослов.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот