Папата испрати телеграма со сочувство за жртвите во Лондон

Папата испрати телеграма со сочувство за жртвите во Лондон

Папата Фрањо упати телеграма до надбискупот на Вестминстер, кардинал Винсент Николс, изразувајќи длабока жалост заради трагичната загуба на животи и повредите здобиени во големиот пожар на облакодери, кој се случи во средата на 14 јуни 2017 година, во Лондон.

Според последните информации во пожарот и од последиците на истиот загинале најмалку 30 луѓе. Во телеграмата која ја потпишува Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, понатаму стои дека Папата ги препорачува душите на загинатите на Господовото милосрдие и изразува сочувство на ожалостените семејства. Светиот Отец ја пофалува храброста на пожарnикарите, медицинскиот персонал, полицијата и сите оние кои помогнале во таа трагедија, посебно нудејќи поддршка на оние кои ги загубиле своите домови. На крајот на локалната заедница повикува Божји благослов за сила и мир.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот