Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 22 февруари 2023 година објави дека папата Фрањо го именува монсињор Паоло Николини за директор на Центарот за високо образование „Лаудато си“.
Светиот Отец го именува монсињор Паоло Николини на четиригодишен мандат за административен директор на Центарот за високо образование Laudato si, тело за научна, образовна и општествена дејност, кое Папата го основа минатиот февруари за целосна формација со оперативно седиште во Папската резиденција Кастел Гандолфо во близина на Рим.
Монсињор Николини досега ја извршуваше функцијата заменик директор за административно управување на Дирекцијата за музеи и културно наследство на државната управа на градот Ватикан.
Ватикан њуз/к.мк