Папата Фрањо го именува монс Антоан Еруард помошен епископ на Лил во Франција за делегат за пасторална грижа за ходочасниците во светилиштето во Лурд
Папата Фрањо го именува монс Антоан Еруард помошен епископ на Лил во Франција за делегат за пасторална грижа за ходочасниците во светилиштето во Лурд– објави на 6 јуни во Лурд надбискупот Рино Физикела претседател на Папскиот совет за нова евангелизација кој и самиот изминатите месеци ја вршеше службата посебен делегат за тоа светилиште во кое секоја година доаѓаат милиони ходочасници од целиот свет. Имено Папата пред две години за вреднување на пасторалот во светилиштата го задолжи Папскиот совет за нова евангелизација.
Одлуката е во согласност со онаа која во 2017 година е донесена за Меѓугорје. Папата Фрањо посебно се грижи за ходочасниците и сака центрите на маријанските побожности сѐ повеќе да бидат места за молитва и христијанско сведочење кое одговара на потребите на Божјиот народ – пишува во писмото Светиот Отец кое го испрќа до епископт Еруард, соопштувајќи му ја одлуката дека е именуван за делегат за лурдското светилиште „на располагање на Светиот Престол.“
Мандатот на епископот Еруард кој нема да ја напушти својата служба во Лил ќе биде ограничен само на светилиштето додека бискупијата Тарб и Лурд и понатаму ќе биде доверена на локалниот епископ.
Во Апостолскиот поттик „Радоста на Евангелието“, Светиот Отец пишува дека во народната побожност може да се воочи начинот на кој примената вера се овоплотила во културата и да продолжи да се пренесува. Цитирајќи го Документот од Апарецида кој содржи заклучоци од средбите на латиноамериканските епископи кои се одржаа во најважното богородично светилиште во Бразил, Папата го спомна богатството кое Светиот Дух го развива со својата бесплатна иницијатива во народната побожност и истакна дека заедничкото одење кон светилиштата и учествувањето на другите свечености на народните побожности водејќи ги со себе и децата или повикувајќи други луѓе сами по себе се чин на евнгелизација. Не ја ограничуваме, ниту сакаме да ја контролираме таа мисионерска сила – стои на крајот од писмото на Папата.
Ватикан њуз/к.мк