Папата Фрањо упати писмо со сочувство до исусовецот патер Мануел Морујау директор на исусовачката резиденција Сан Пиетро Канисио во Рим по повод смртта на најстариот кардиналот Алберт Ванхое.
Дознавајќи за смртта на драгиот кардинал Алберт Ванхое сакам да ја изразам својата близина на Вас заедницата во Сан Пиетро Канисио, на целата Дружба Исусовци како и на ожалостеното семејство и на оние кои го познаваа и ценеа, порача Светиот Отец.
Имам драги сеќавања и восхит за овој брат кој многу посветено му служеше на Господ и на Црквата. Папата исто така изрази благодарност заради неговата интензивна работа. Кардинал Ванхое меѓу останатото беше професор, библичар, ценет ректор на Папскиот библиски институт, секретар на Папската библиска комисија како и соработник на неколку дикастерии во Римската курија.
Се присетувам и на неговата љубов кон проповедањето, кое го правеше со ревна желба за пренесување на Евангелието, истакнува Папата.
На крајот од пораката Папата го моли Господ преку заговорот на Дева Марија, нека го прими овој верен слуга во Небесниот Ерусалим, а поделува апостолски благослов на ожалостените мислејќи посебно на оние кои биле со него во неговите последни моменти.
Ватикан њуз/к.мк