Папата изрази сочувство на кубанскиот народ по повод смртта на Фидел Кастро.
На 26 ноември 2016 година папата Фрањо упати телеграма со сочувство на кубанскиот претседател Раул Кастро како и до целиот кубански народ по повод смртта на долгогодишниот лидер на таа земја Фидел Кастро. Светиот Отец порача дека ќе се моли за душата на Фидел Кастро и кубанскиот народ го препорачува на застапништвото на Милосрдната Богородица од Кобре, заштитничка на Куба.
РВ/к.мк