Папата: Животот на кармелитјаните е одговор на жедта на современиот човек за Бог

Папата: Животот на кармелитјаните е одговор на жедта на современиот човек за Бог

На 11 септември папата Фрањо се сретна со учесниците на Генералниот капитол на Редот на босоногите кармелитјаните.

Слушање, расудување, сведочење – се некои од клучните мисли кои папата Фрањо ги сподели со монасите. Слушањето, потсетува Папата е основниот став на ученикот, на оној кој сака да го посетува Исусовото училиште и сака да одговори на неговиот повик во оваа тешко, но убаво време затоа што тоа е Божјо.

Пандемијата нѐ донесе пред толку прашања, загубивме многу од тоа во што ја стававме нашата сигурност. Повикани сте како деца на света Тереза да биде верни на оние клучни елементи на вашата харизма. Ако ова харизма вроди нешто добро, а секако дека вроди, тогаш тоа е што нѐ врати на она важното, а не да бидеме вознемирени од лажната сигурност.

Понекогаш луѓето се прашуваат каква е иднината на посветениот живот, нагласи папата Фрањо. Но, тие визии треба да се порекнат, како и другите песимистички визии за самата Црква. Како што рече, посветениот живот е дел од Црквата каква што Исус ја замислувал и каква што Духот постојано ја создава. Мора да се одалечиме од искушението во кое се грижиме за преживување наместо да живееме во полнота прифаќајќи ја милоста на сегашноста, дури и со ризиците кои ги носи.

Кармелитјанскиот начин на живеење е контемплативен живот. Тоа е дар кој Духот го дарувал на Црквата преку света Тереза од Исуса и свети Иван од Крстот, а потоа и преку другите свети кармелитјани. Верни на овој дар, животот на кармелитјаните е одговор на жедта на современиот човек за Бог, за вечноста. Заштитен е од психологизам, спиритизам и лажни напредоци кои се сокриваат во световната духовноста. Цитирајќи ја книгата на отец Де Лубак, Папата предупреди дека световната духовност и културата на минливоста е многу суптилна и влегува во животите без нашето забележување. Чувајте се од духовната световност, што е најлошто зло кое може да се случи на Црквата, предупреди Светиот Отец.

Евангелската верност не се однесува на стабилност на местата, туку на срцата. Не се состои во избегнувањето на промени, туку во преземањето на потребните промени за да го направиме она што Господ го бара од нас, овде и сега. Затоа верноста бара одлучно залагање за вредностите на Евангелието и сопствената харизма и откажување од она што нѐ спречува да го дадеме најдоброто од себе на Господ и на другите, рече.

Светиот Отец потсети и дека радоста и смислата за хумор мора да бидат особини на личностите на посветениот живот. Ги поттикна кармелитјаните да останат во пријателство со Бог и да се држат за животот во братство и за посланието. Пријателството со Бог созрева во тишината, во сеќавањето, во слушањето на Божјото Слово, рече Светиот Отец. Вкоренети во односот со Бог, Тројството на љубовта, повикани сте да ги негувате односите во Духот, во здравата напнатост помеѓу осаменоста и да се биде со другите, спротивставувајќи се на индивидуализмот и стандардизацијата на светот, заврши.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот