Во пладневниот наговор на празникот Богојавление, 6 јануари 2021 година папата Фрањо истакна дека спасението кое го донесува Исус е за сите народи, а задачата на христијаните е да го шират со сведоштво.
Денес го славиме празникот Богојавление односно Господовото објавување на сите народи – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов во библиотеката на Апостолската палата. Имено спасението кое Христос го донесува не познава граници – рече Папата и истакна: Богојавление не е друго таинство. Тоа секогаш е истиот настан на Исусовото раѓање, но го гледаме во неговото светло. Тоа е светлото кое го просветлува секој човек, светлото кое треба да се прифати и да се носи на другите во вера, во милосрдна љубов, сведоштво и навестување на Евангелието.
Погледот на Исаија за кој известува денешната Литургија повеќе од било кога одекнува во сегашното време: „Темнина ќе ја покрие земјата, и мрак – народите“ – рече Светиот Отец и напомена: Така гледајќи пророкот ја навестува светлоста која Бог ја дарува на Ерусалим и која е предодредена да го осветлува патот на сите народи. Тоа светло има сила да ги привлече сите, оние кои се блиску и далеку; сите чекорат за да дојдат кај него. Тоа е поглед кој го отвора срцето, го шири здивот и повикува на надеж. Секако, темнината е присутна и се заканува во животот на сите нас и во историјата на човештвото, но Божјата светлина е посилна. Се работи за тоа да прифатиме дека би можело на сите да им заблеска. (…)
Евангелистот Матеј пак зборувајќи за мудреците покажува дека тоа светло е Витлеемското дете односно Исус, иако неговото царство сите не го прифаќаат. Он е ѕвездата која се појавија на хоризонтот, очекуваниот Месија, Оној преку Кој Бог го остварува своето царство на љубовта, правдата и мирот. Не е роден само за некои, туку за сите луѓе и народи.
А како се случува тоа „осветлување“? Како Хриството светло се шири на секое место и во секое време? – праша Папата и објасни: Не преку моќните средства на царствата од овој свет со нив кои секогаш настојува да завладеат, туку преку навестувањето на Евангелието. И со истата „метода“ која Бог ја избрал за да дојде меѓу нас; овоплотувањето односно станувајќи на другиот ближен, сретнувајќи го, преземајќи ја на себе неговата реалност. Само така Божјата светлина која е љубов може да засветли во сите кои Го прифаќаат и кои од него се привлечени. Христос е ѕвезда, но и ние можеме и мора да бидеме ѕвезда за нашите браќа и сестри, како сведоци на богатството на бескрајната добрина и милосрдието кое Окупителот на сите бесплатно го дава.
Па, условот е тоа светло да се прифати во себе и се повеќе да се прифаќа. Тешко на нас ако мислиме дека го поседуваме, дека мора со него само „да управуваме“! Како мудреците повикани сме секогаш да дозволиме Христос да нѐ воодушевува да нѐ привлекува, води, просветлува и преобраќа. Тоа е патот на верата преку молитвата и контемплацијата на Божјите дела кои постојано нè исполнуваат со нова радост и со восхит. Да ја повикаме заштитата на Марија за целата Црква, за во целиот свет да се шири Христовото Евангелие, Lumen gentium светлото на сите народи – рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк