Папата до теолoзите: Потребно е поврзување во духот на солидарност со светот

Папата до теолoзите: Потребно е поврзување во духот на солидарност со светот

Во пораката до учесниците на меѓународната конференција за католичка теолошка етика, која се одржува во Сараево, папата Фрањо поттикна на поврзување на поединци и институции во духот на солидарност и внимателност за човечката драма.

Потребно е обновено лидерство на луѓето и институциите, кои ќе ни помогнат да откриеме и живееме во светот со поисправен начин, како соучесници на заедничката судбина, без гласни прогласи, кои често се залудни или антагонизми меѓу оние кои се прават посилни – е поттикот на папата Фрањо до учесниците на меѓународната конференција за католичка теолошка етика, која до недела се одржува во Сараево

Дијалог и разбирање поаѓајќи од Сараево

Групата од 500 теолози на оваа средба, која се одржува по трет пат, после Падова 2006 и Тренто 2010 година, папата Фрањо испрати порака за дијалог и разбирање во ова – како што напиша – критично време и сложените и тешки услови како што се овие во кои живееме. Папата во своето размислување започна од Сараево, град со голема симболична вредност како пат за помирување после ужасите на војната, кои предизвикаа големи страдања меѓу луѓето на овие простори. Сарево имено е град на мостови. Поради тоа меѓународната средба – чиј што организациски одбор папата Фрањо ги прими во март ова година во Ватикан – сака да ја истакне потребатаза изградба на нови патишта за близина меѓу народите, културите, религиите, животните ставови и политичките определби, посебно во средини на напнатост и поделби.

Мостови, а не ѕидови

Напоменувајќи дека работите во групи започнуваат со перспективата „мостови, а не ѕидови“, папата Фрањо напомена дека и самиот повеќе пати го истакнува тоа, цврсто надевајќи се дека од сите страни ќе се посвети внимателност за таа потреба, која отсекогаш ја чувствуваме, и покрај тоа што понекогаш ѝ се спротивставува стравот и повлекувањето. Папата Фрањо предлага да се согледа секој знак и да се активираат повеќе сили, како во светот би се отстраниле ѕидовите, кои раздвојуваат и да се изградат мостови на братство, секако не отстапувајќи од внимателноста.

Поврзување

Во тој поглед Светиот Отец изрази задоволство со намерата на научиниците да се создаде мрежа, односно соработка меѓу луѓето на петте континенти, кои на различни начини и искажувања се посветуваат на етичкото размислувања во теолошки поглед и настојуваат во нив да пронајдат нови и делотворни ресурси. Освен  соодветни анализи, може да се поттикне на сочувство и внимателност за човечката драма за милосрдна грижа – истакнува Папата.

За да се оствари таква мрежа пред сѐ потребно е токму меѓу теолозите да се изградат мостови, да се поделат патиштата и да се забрза приближувањето. Секако дека не станува збор за униформни ставови, туку со искрена волја да се бара ускладување на намерите, во отворен дијалог и разговор за перспективите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот