Откако им го даде текстот од претходно подготвениот говор, папата Фрањо им се обрати на учесниците на курсот за ректори и воспитувачи на семинарии во Латинска Америка, кои ги прими во аудиенција во четврток 10 ноември 2022 година, при што истакна три карактеристики на свештеникот: близина, нежност и милосрдие
Близина , затоа што е тажно да се има свештеници во управувањето со парохијата кои викаат на сиот глас или кои не знаат да зборуваат. Нежност, затоа што е грдо да се гледаат свештеници кои не можат да помилуваат дете, да бакнат постаро лице или кои се „строги“ кон оние што доаѓаат да побараат опростување во исповедта. И пред сѐ молитва , затоа што свештеникот кој не моли завршува на ѓубриште. Папата Фрањо во неговотот обраќање, кое е објавено во петок 11 ноември, го објасни ликот на добриот свештеник, кој е способен за близина, милосрдие и нежност, а ги истакна и ограничувањата, опасностите и можните искушенија.
Способни за нежност
Првата препорака на Папата се однесува на однесувањето и односот кон луѓето. Не можеме да имаме свештеници во управување со парохијата, кои ги оптоваруваат сите, кои едноставно живеат од три или четири работи и не знаат да зборуваат, или не можат да помилуваат дете, да бакнат постаро лице или едноставно не „губат време“ разговарајќи со болните, што за нив тоа е губење време. Тоа не е добро – рече Папата.
Распознавање во формацијата
Потоа конкретно се осврна на формацијата, чувствителна и слоевита тема. Искушението за крутост може да се вовлече во формацијата, односно сите оние млади луѓе кои доаѓаат со крути шеми на воспитување. Зад таа крутост се крие вистински гнилеж – истакна Папата и нагласи дека затоа, во текот на целата формација, важно е да се донесе добра одлука како да се следат младите. Ако воспитувачот нема способност да распознае, треба да побара од епископот да го испрати на друго место – истакна Папата.
Распознавањете претпоставува тишина, молитва, придружба, способност за страдање, како и можност да немаме подготвен одговор. На младите денес не им требаат однапред подготвени одговори; треба да ги придружуваме; се разбира, со јасна доктрина, но мора да ги следиме во различните ситуации – предупреди римскиот епископ.
Блиски до луѓето, милосрдни во исповедалницата
Поттикнувајќи и овој пат на близина со луѓето, Папата истакна дека тоа конкретно значи да се зборува и постапува во Божји стил. Тоа треба да биде заразно; односно свештеникот, семинаристот треба да бидат блиски. На кого блиски? Како? – праша Папата и рече: Бог е близу со своето милосрдие и нежност. Овие три работи треба да се остварат кај момчињата. Треба да бидат свештеници кои се добри луѓе, милосрдни, а нежни.
Имено Папата – како што рече – страда кога ќе сретне луѓе кои плачат затоа што отишле на исповед, а во исповедалницата им кажале секакви работи. Ако човек се срами, не треба да биде и тепан. „Не можам да ве разрешам, морам да побарам дозвола од епископот…“ Се случува! – истакна Светиот Отец и додаде: Нашиот народ не може да биде во рацете на криминалци! Свештеник кој се однесува така е криминалец. Без разлика дали тоа ви се допаѓа или не.
На крајот ги поттикна сите свештеници да молат. Свештеникот кој не моли можеби ќе издржи до длабока старост, но во канта за ѓубре, односно во просечност. Не сакам да кажам во грев, туку во просечност – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк