Папата до Обединетите нации: Да се обнови уништената природа значи да се опоравиме нас самите
По повод почетокот на иницијативата на Обединетите нации „Деценија за обнова на екосистемите“, папата Фрањо до Обединетите нации испрати порака која во видео запис ја прочита државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, а во која истакнува дека деградацијата е јасен резултат на економската дисфункција.
Со креативност и храброст да станеме „генерација на обнова“. Да ја обновиме природата која ја уништивме, всушност значи пред сѐ да се опоравиме ние самите – е поттикот на папата Фрањо во пораката која на англиски јазик во видео запис ја прочита државниот секретар кардиналот Пиетро паролин и ја испрати до Ингери Андерсен извршна директорка на UNEP Програма на Обединетите нации за животна средина и Кву Донгу главен директор на ФАО Организација на Обединетите нации за исхрана и земјоделство. Повод за тоа е Светски ден за заштита на животната средина кој оваа година се одбележува на посебен начин затоа што се поклопува со годината во која започнува Деценијата ан Обединетите нации за обнова на екосистемите.
Имаме малку време за обнова на екосистемите; научниците кажуваат во следните десет години; токму времето на таа Деценија на Обединетите нации. Заради тоа е важно да се преземат десетгодишни обврски интензивирајќи ги напорите за да се промени насоката на деградација на екосистемите кои премногу долго се искористуваат. Се изложуваме на опасности од поплави, глад и тешки последици за нас и за идните генерации; затоа треба да се грижиме едни за други и за најслабите меѓу нас. Напротив, неправедно е и непромислено да се продолжи по патот на уништување на човекот и природата. Тоа би ни го кажала одговорна совест – истакнува Папата во пораката.
Потребно е итно да делуваме за да станеме се поодговорни управители и кон идните генерации; сите сме дел од „дарот на создаденото“, како што потсетува и Библијата. (…)
Гледајќи околу себе имено се гледа криза која води во криза, уништување на природата, општа пандемија која предизвикува смрт на милиони луѓе. Но и неправедни последници на некои аспекти од нашите сегашни економски системи и бројни катастрофални климатски кризи кои предизвикуваат тешки последици на човечките општества, па дури и на масовно изумирање на разни видови. Бројни се „предупредувањата кои поттикнуваат на преземање итни мерки. Меѓу нив можеме да ги забележиме Ковид-19 и глобалното затоплување.
Во пораката затоа се изразува надеж дека конференцијата COP26 за климатските промени која ќе се одржи во Глазгов во ноември оваа година ќе понуди вистински одговори. Друго важно подрачје на кое треба да се интервенира се економските системи. Потребна е ревизија на сегашните модели на развој, истакнувајќи ја клучната точка дека деградацијата на економските системи е јасен резултат на економската дисфункција.
И покрај загриженоста сепак има надеж. Технологијата може да се насочи кон поздрав напредок. Освен тоа сведоци сме на ново ангажирање на државите, властите и граѓанските општества кои се стремат кон промовирање на интегрална екологија. Клучниот збор е „повеќедимензионален“ концепт кој бара долгорочна визија со посебно внимание на неразделивоста помеѓу грижата за природната праведност за сиромашните, ангажирање за општеството и внатрешен мир – стои во пораката во која Папата ги повикува сите на одговорност кон самите себе, кон ближниот, кон целото создание и кон Создателот.
Ватикан њуз/к.мк