Примајќи ги новите амбасадори за врачување на акредитивните писма, Светиот Отец изрази надеж дека во ова време на глобални предизвици, тие ќе бидат градители на дијалог, ќе работат заедно во борбата против културата на отфрлање и ќе остварат високи идеали и цели важни за меѓународната заедница.
На 4 декември 2020 година папата Фрањо во аудиенција прими десет нови вонредни и ополномоштени амбасадори во Светиот Престол кои му ги врачија акредитивните писма. Новиоте амбасадори во Светиот Престол доаѓаат од Јордан, Казахстан, Замбија, Мавританија, Узбекистан, Мадагаскар, Естонија, Руанда, Данска и Индија; тие го претставуваат светот и започнуваат нова мисија, во време на голем предизвик за целото човечко семејство – рече Светиот Отец -.
Да не ги заборавиме сиромашните
Во својот говор, Папата се осврна за кризата на планетата, која дури и пред пандемијата КОВИД-19 беше обележана со итни хуманитарни потреби, поради конфликти, насилство и тероризам во повеќе делови на светот. Економските кризи и климатските промени предизвикуваат глад и масовна миграција, а расте и опасноста од природни катастрофи, беда и суша – потсети Папата и додаде: Покрај тоа, пандемијата предизвика зголемување на нееднаквоста, која и претходно постоеше во нашите општества, поради кои сиромашните и најранливите браќа и сестри би можеле да бидат занемарени, исклучени и заборавени.
Дијалог и соработка
Папата Фрањо затоа ги повика новите амбасадори да бидат обединети, бидејќи сите сме во ист брод, повикани да весламе заедно, кои имаат потреба од меѓусебна утеха. Денес, можеби повеќе од кога било, на нашиот сѐ повеќе глобализиран свет итно му треба искрен и фокусиран дијалог и соработка, кој ќе нѐ обедини во соочувањето со големите опасности што ја загрозуваат нашата планета и ја условуваат иднината на младите генерации.- истакна Светиот Отец.
Пораката, која Папата сакаше повторно да ја истакне е содржана во енцикликата „Фратели тути“; односно желбата, признавајќи го достоинството на секоја човечка личност, да направиме повторно меѓу сите во целиот свет да се роди стремежот за братство. Присуството на Светиот Престол во меѓународната заедница се става во служба на општото добро, привлекувајќи внимание на антрополошките, етичките и религиозните аспекти на различните прашања поврзани со животот на луѓето, нациите и цели нации – истакна Папата.
Култура на средба
На крајот Светиот Отец изрази надеж дека нивното дипломатско дејствување како претставници на нивните земји во Светиот Престол ќе ја поддржи „културата на средба“ (Fratelli tutti, 215), толку неопходна за надминување на разликите и поделбите што често го попречуваат постигнувањето на високи идеали и цели предложени од меѓународната заедница. Секој од нас, имено е повикан да работи секој ден со цел да изгради свет кој ќе биде поправеден, побратски и пообединет – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк