Папата до мoнасите – Театинци: Не создавајте мали групи затоа што тоа е духовност на „дрвен црв“
Идентитет, заедништво и послание; се трите зборови кои ги истакна папата Фрањо примајќи ги во аудиенција учесниците на генералнiот капитул на Редот на регуларните клерици кои ги има основано Кајетан Тиенски. Ги поттикна да го избегнуваат секој облик на озборување и да се грижат едни за други, следејќи ги трагите на основачот и тоа со апостолски срца и без крути образци.
Примајќи ги во аудиенција учесниците на генералниот капитул на Редот на регуларните клерици – Tеатинци, Папата се присети на прославите на свети Кајетан на 7 август на кои во Буенос Аирес, градот во кој основачот на Tеатинците е многу сакан, учествуваат многу луѓе. Народот го почитува и му се моли како заштитник на лебот и работата. Папата тоа го поврза со размислувањето за темата на генералниот капитул, фокусиран на посланието и актуализацијата на харизmата на Tеатинците со цел одговор на предизвиците на денешното време. Си спомна на делувањето на свети Кајетан и неговите собраќа, нивното свештеничко апостолско братство вкоренето во духовниот живот и конкретната љубов, преку која – како што рече, се развила Црквата како „полска болница“ која и денес е потребна.
Ве поттикнувам да одите напред по нивните стапки со послушност на Духот без крути образци, но постојани во важните работи: молитвата, поклонувањето, заедничкиот живот, братската љубов, сиромаштвото и служењето на сиромашните. Сето тоа треба да го правите со апостолско срце и со добра, евангелска желба пред сѐ да го бараме Царството Божјо – рече Папата. Притоа ги предупреди да бидат внимателни со крутоста затоа што таа е изопаченост која произлегува токму од клерикализмот. Освен тоа зад секоја крутост секогаш се наоѓа трулеж, распаѓање.
Црв на озборувањето
Импровизирајќи надвор од предвидениот говор, Папата ја истакна силата на монашката заедница, која е во искреност и грижа. Браќа, најголемото зло во една монашка конгрегација, во монашка заедница е кога монасите не се грижат едни за други, уште повеќе кога започнуваат со озборување – рече Папата. Бидете посветени луѓе, луѓе на Евангелието. Ако имаш нешто против другиот, имај храброст кажи му го тоа во лице или молчи. Другиот пак критериум кажи го тоа на оние кои можат да помогнат, односно на надлежните. Но, немојте да создавате мали групи затоа што тоа е духовност на „дрвен црв“ заради кој слабее силата на верската заедница. Ве молам, без озборување – поттикна Папата. (…)
Треба да се почне од себе
Реформата треба да започне од нас самите – додаде Петровиот наследник. Тао е првата точка која го дефинира идентитетот, еден од трите збора кои Папата ги истакна во своето размислување. Осврнувајќи се на животот на свети Кајетан ја спомна неговата работа во Папската курија, во ораториумот на Божествената љубов и помагањето на болните; сведоштво на полн живот.
Тоа е патот: да започнеш од себе да го живееш Евангелието подлабоко и подоследно. На сите нас светците ни го покажуваат тој пат. Тие се вистински реформатори на Црквата. Или подобро; тоа е Духот Свети кој ја обликува и реформира Црквата и тоа го прави преку Божјото Слово и со посредство на светите кои го спроведуваат Словото во својот живот.
Заедништво и послание
Заедништвото пак е другата насока. Духот повикува на заедништво; тоа е христијански живот кој го прават бројни секојдневни гестови, место за чување на малите детали на љубовта, каде – како што стои во Апостолскиот поттик Gaudete et exsultate – членовите се грижат едни за други и прават отворен евангелзиациски простор; тоа е место за присуство на Воскреснатиот кој го посветува според планот на Отецот. На крајот Папата говореше за посланието и го истакна придонесот на свети Кајетан во евангелзиацијата на Рим, Венеција и Наполи и тоа преку сведоштвото со животот и со делата на милосрдието, остварувајќи голем „протокол“ кој Исус ни го остави со параболата за последниот суд во 25 поглавје во Евангелието според Матеј.
Ватикан њуз/к.мк