На 25 април 2019 годин претпладне папата Фрањо во аудиенција прими околу 100 млади од француската бискупија Ер и Дакс и ги поттикна Божјата љубов да ја направат видлива и тоа со ентузијазам и храбро.
Притоа напомена дека денешните прилики не се лесни, но не се потешки од другите периоди на животот на Црквата.
Сметам на вас, на Црквата и треба вашата вера – се пoттикнувањата кои папата Фрањо ги упати до младите од департменот Ланд на југозападот на Франција кои дојдоа на ходочастие во Рим во рамките на „Денови на младите од Ланд“. Патот на кој Папата им го посочи за да го следат е патот на градители на мостови и тоа за да придонесат за градење на човечкото братство, да бидат блиску до најмалите и сиромашните и да бидат сведоци на Евангелието, знаејќи дека без оглед на конформизмот, луѓето и понатаму бараат одговор за смислата на живтот. Заради тоа ги поттикна да го наследуваат примерот на свети Винко Павелски кој се посветил на грижата за сиромашните и е заштитник на сите каритативни здруженија.
Истакнувајќи ја важноста на нивното ходочастие во Рим кај – како што рече – апостол Петар и Павле и кај сите сведоци меѓу кои има и неколку млади кои поднесуваат мачеништво затоа што одлучиле да останат верни на Исус Христос, Папата рече дека тој е важен аспект затоа што многу луѓе мислат дека денес е тешко да се биде христијанин и да се живее верата. Навистина сегашните прилики не се лесни, исто така заради тажниот и слоевит проблем со злоупотребата кои го направија членови на Црквата. Сепак сакам да повторам дека денес не е потешко отколку во другите периоди на животот на Црквата; само е поинаку, но не е тешко.
Затоа папата Фрањо ги поттикна да го искористат тоа ходочастие за да откријат дека Црквата оди веќе две илјади години споделувајќи ја радоста и тагата на луѓето и тоа – како што рече Папата – таква каква што е без прибегнување кон естетска хирургија. Гледајќи ги токму тие млади, Папата во нив го виде делото на Господ кој не ја напушта својата Црква и која благодарение на нивната младост, на нивниот ентузијазам и талентите кои Тој им ги доверил дозволува да се обновува во различни периоди од својата долга историја.
Потоа Папата посака во Црквата која е света и која е составена од грешници, тие млади да ја препознаат пораката која Исус сака да му ја упати на светот преку нивниот живот, и ги поттикна да се вкоренат во Божјата љубов за да направат таму каде што живеат Црквата да биде сакана. Дозволете да ве преобрази и обнови Светиот Дух за да го носите Христос во секоја средина и за да ја сведочите радоста и младоста на Евангелието! А наследувајќи го примерот на свети Винко Павелски кој исто така е од департменот Ланд ќе ја направите видлива љубовта со која Бог вас ве исполни, љубејќи со силата на раката и потта на челото! Бидете секогаш во таа смисла градители на мостови меѓу луѓето, настојувајќи да го поддржите растот на културата на средба и дијалогот за да придонесете да се воспостави вистинско човечко братство.
Со своето внимание кон малите и сиромашните можете да ја запалите ѕвездата во ноќта на оние кои страдаат на различни начини – истакна папата. Можете со гестови и зборови да покажете дека Бог секогаш е новост и дека нè води таму каде се наоѓа ранетото човештво и каде луѓето под привидот на површноста и конформизмот и понатаму бараат одговор на прашањето за смислата на животот – истакна папата Фрањо и на присутните млади на крајот им рече: Сметам на вас. Црквата има потреба од вашиот порив, вашата интуиција, вашата вера и вашата храброст!
Ватикан њуз/к.мк