Сонувајте со другите, никогаш против другите, сонувајте како што сте ја сонувале и подготвувале ова средба, обединети и без пречки – рече папата Фрањо за време на средбата со младите во Мозамбик.
Непријателството во општеството уништува, бидете обединети заради Мозамбик – рече папата Фрањо на 5 септември 2019 година на средбата со младите во Мозамбик и истакна, што може да му биде поважно на пастирот од средбата со своите млади. Вие сте важни! Не само затоа што сте иднината на Мозамбик, Црквата и човештвото, туку затоа што сте сегашноста. Со сето тоа што сте и што правите веќе придонесувате за сегашноста најдобро што можете. Што би била земјата без вашите воодушевувања, песни и радости? Радоста на живеењето е едно од основните ваши карактеристики, како што и овде може да се почувствува. Тоа е радост која меѓусебно се дели и слави, која помирува и станува најдобриот противотров за да се спротивставиме на сите оние кои сакат да поделат, да разделат, и да се во конфликти.
Ви благодарам што го живеете мирот и го славите овде како семејство, иако припаѓате на различни верски традиции – рече Папата и истакна, на тој начин го имате искуството дека сите сме си потребни со своите разлики. Заедно сте срцето на овој народ, каде секој има своја улога во еден креативен проект на пишување историја. Вие младите, сте подготвени секогаш за движење и сте способни да гледате со многу надеж. Вие сте ветување на животот кое во себе носи издржливост која не смее да се загуби, ниту да дозволите да ви ја украдат.
Не дозволувајте да ви ја украдат радоста – рече Светиот Отец и напомена, рамнодушноста и вознемиреноста ги убиваат соништата и надежта затоа што нѐ поттикнуваат на лесен пат кој води во пораз. Бара скапата патарина да ја плаќаме со својата среќа и со животот. Многу млади после тешкотиите остануваат разочарани и безволни. Кога сѐ изгледа како да стои, кога нѐ вознемируваат личните проблеми, кога немаме одговори на социјалните прашања, не е добро да се откажеме. Денес кога некои го поминуваат животот создавајќи поделби и конфликти, вие сте пример и сведоштво како мора да делуваме.
Обединети и покрај разликите, како што правите сега, барајќи прилики за подобрување на тој начин можете да се ангажирате за земјата – рече папата Фрањо и истакна: непријателството ја уништува земјата. Создавајте пријателство во општеството. Треба да се откажуваме и преговараме, но ако тоа го правиме барајќи го доброто на сите, ќе се бориме за заедничка цел. Ако најдеме работи во кои се согласуваме, ако градиме мостови на мирот кои се добри за сите, тоа е чудото на културата на средба. Сонувајте со другите, никогаш против другите, сонувајте како што сте ја сонувале и подготвувале оваа средба; обединети и без пречки. Тоа е дел од новите историски страници на Мозамбик.
Не само резигнацијата е непријател на соништта, туку и вознемиреноста, посебно кога нѐ тера да се предадеме затоа што веднаш не сме постигнале резултати – рече Папата и продолжи: Најубавите соништа се остваруваат во надежта, трпеливо и ангажирано, одбивајќи го брзањето. Не смее истовремено да нѐ запре несигурноста, не смееме да се плашиме да ризикуваме и да погрешиме. Најубавите работи со тек на време созреваат. Ако нешто не сте успеале првиот пат, не плашете се да се обидете повторно. Погрешно би било заради вознемиреност да се откажете од соништата и волјата за подобра земја.
Вашите стари можат да ви помогнат како вашите соништа и стремежи да не овенат, за да не ги уништат првите тешкотии и немоќ – рече Светиот Отец и истакна: Старите се нашите корени. Ако некој ви каже дека историјата , искуството на старите и сето она што се случило го занемарите и гледате само на иднината кој ви нуди, значи дека сакате да бидете празни, искоренети и недоверливи во сѐ, за да можете да се доверете само во неговите ветувања и да се подложите на неговите планови. Така функционираат идеологиите кои го уништуваат сето она што е различно и во овој свет можат да владеат ако нема опзиција.
Претходните генерации можат многу да ви кажат и предложат – рече папата Фрањо и додаде: Вистина е дека старите понекогаш зборуваат авторитативно, опоменуваат и плашат, меѓутоа мора да направите синтеза, слушајќи и вреднувајќи ги претходните генерации. Ви го предлагам патот на слободата, воодушевувањето, творештвото, новите аспекти, но негувајќи ги истовремено корените кои одржуваат и поддржуваат. Сите тие се мали елементи кои можат да ви помогнат да не се затворите во тешкотиите, туку да се отворите за надежта која ќе ви помогне да пронајдете нови решенија за проблемите со чувствителна солидарност.
Мирот е процес за кој и вие младите сте повикани да придонесувате, секогаш пружејќи ги своите раце на оние кои се во тешкотии – рече Папата и нагласи: Гголема моќ се испружените раце и пријателствата во конкретните гестови. Мислам на младите кои дошле да бараат работа во градот и денес се без куќа, семејство и пријателски раце. Обидете се да растете во пријателство и со оние кои мислат поинаку за да расте меѓу вас солидарноста и да стане најдоброто оружје во историјата. Бидете раката која се грижи за нашиот заеднички дом.
Бог ве љуби за него сте скапоцени, не сака да ги брои вашите грешки, туку да ви помогне нешто да научите од нив; обидете се, поминувајте моменти во тишина, да ги стишите сите свои внатрешни гласови и да останете во прегратката на Неговата љубов. Тоа е љубов која ослободува, лекува и подигнува, која знае повеќе за искачувањата отколку за падовите, за помирувањето отколку за забраните, која дава нова можност, а не осудува и која знае повеќе за иднината, отколку за минатото. Знам дека верувате во таа љубов која овозможува помирување и бидејќи верувате во неа, сигурен сум дека имате надеж и дека нема да престанете радосно да одите по патот на мирот – рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк