Папата Фрањо упати порака до учесниците на Пленеарното заседавање на Советот на Европските бискупски конференции (CCEE), кое започна на 27 септември, а ќе трае до 1 октомври 2017 година.
За прв пат заседавањето се одржува во главниот град на Белорусија, Минск, а учесниците ќе се сретнат со тамошната католичка заедница и заедно со неа ќе ја прослават 750 годишнина од првиот спомен на градот Минск во зборниците на Нестор, како и 500 годишнина од печатењето на Светото Писмо, првата книга која е печатена на белоруски јазик.
Светиот Отец во пораката која ја потпиша Папскиот државен секртар, кардинал Пиетро Паролин, ги поттикнува учесниците да продолжат со важната работа за препознавање на патиштата за пасторална соработка меѓу различните земји, правејќи разлика и промовирајќи иницијативи на солидарност и братство. Изрази исто така надеж дека средба ќе придонесе за зајакнување на врската на единство и заедништво меѓу европските епископи, пружајќи дополнителен и храбар поттик на посланието на Црквата во Европа, посебно во име на младите, во светлината на Евангелието да им се помогне да го пронајдат сопствениот повик во христијанската заедница и во општетсвото.
Централна тема на заседавањето ќе биде младите, посебно денешните млади, нивните желби, потреби, стравови, очекувања и односи, како и посланието на Советот на европските бискупски конференции во Европа. Учесниците ќе разговараат и за предвизвиците кои денешниот свет во постојаното превирање ги става пред Црквата, за нејзино осмислување на пасторалот и пасторалното планирање и да го понуди Евангелието на младите кои се иднината на Црквата.
Откако во март ова година во Барселона е одржан Европскиот симпозиум на кој се собраа епископи и водачи за пасторал со млади, пленарното заседавање во Минск претставува следен чекор во подготовката за претстојната Епископска синода која ќе се одржи во Рим, есента 2018 година, на тема „Младите, верата и расудувањето за звањето.“
Освен тоа учесниците ќе размислуваат за Европа, односно за придонесот и посланието на Црквата во градењето на заедничкиот европски дом. Во Минск, претседателите на Европските бискупски конференции ќе разговаат за тоа како да се навести Христовото Евангелие во Европа.
РВ/к.мк