Папата Фрањо во своето пладневно обраќање на празникот Свети Петар и Павле, 29 јуни 2023 година, ги поттикна верниците да ја наследуваат нивната сила, великодушност и понизност. Има ли во нас ентузијазам, ревност, занес за Господ и Евангелието или тоа е нешто што лесно пропаѓа?, праша Светиот Отец. Дали сме камења, но не камења на сопнување, туку камења за изградба на Црквата?
На светот денес не му требаат натлуѓе, туку вистински луѓе како апостолите Петар и Павле, чиј празник се празнува на, 29 јуни, и чија вистинска човечност ја истакна папата Фрањо во својот пладневен говор. Светиот Отец зборуваше за Петар, оној врз кого Исус ја изгради својата Црква, чие име може да значи гребен, карпа или едноставен камен. Постојат три аспекти што овој апостол ги претставил со својот живот: цврстината на гребенот, сигурноста на карпата и маленоста на едноставниот камен.
Но, токму во него – како и кај Павле и кај сите светци – се гледа дека Бог е Оној кој нè прави силни со својата благодат, кој нè соединува со својата љубов и ни простува со својата милост. И токму со ова вистинско човештво Светиот Дух ја обликува Црквата. Петар и Павле беа вистински луѓе, а денес, повеќе од кога било, ни требаат вистински луѓе.
Да ја наследуваме силата, великодушноста и понизноста на апостолите
Папата Фрањо поттикна на размислување за гребен, карпа и камен, повикувајќи ги верниците да си постават важни прашања.
Има ли во нас жар, ревност и занес за Господ и за Евангелието, или тоа е нешто што лесно пропаѓа? Потоа, дали сме ние камења, но не камења на сопнување, туку камења за изградба на Црквата? Дали работиме за единство, дали нè интересираат другите, особено најслабите? На крајот, размислувајќи за каменот; дали сме свесни за нашата маленост? И најмногу од сè; дали во слабостите се доверуваме на Господа, кој прави големи дела со оние што се понизни и искрени?
Петар беше карпа со неговиот живот, во многу моменти силен и непоколеблив, искрен и великодушен, прифаќајќи мачеништво за да го следи Исуса. Тој беше и карпа која им дава поддршка на другите, која ги поддржува браќата во градењето на Црквата, што е сигурна потпора за целата заедница – истакна Светиот Отец.
Меѓутоа, тој беше и камен – забележа Папата – кога често се манифестира неговата маленост, човек кој го обзема страв, кој се одрече од Христа, кој подоцна се покаја и горко плачеше, кој немаше храброст да застане под крстот, но на крајот, во обид да избега од мачеништвото, по пат го сретнува Исус и наоѓа храброст да се врати – рече папата Фрањо и се помоли за застапништво на Богородица, царицата на апостолите, да помогне да ја наследуваме силата, великодушноста и понизноста на светите Петар и Павле.
Ватикан њуз/к.мк