Папата даде интервју за Ројтерс

Папата даде интервју за Ројтерс

Филип Пулела, новинар на Ројтерс, разговараше со папата Фрањо за разни теми, меѓу кои за миграциската политика, односот на Светиот Престол со Кина, популизмот и реформите во Римската курија

Односот на Светиот Престол со Кина

На прашање на новинарот од Ројтерс Филип Пулела за односите на Светиот Престол со Кина, Папата рече дека е оптимист со обѕир на исходот од разговорите со кинеските власти, напоменувајќи дека се на добар пат, но не знае кога ќе завршат разговорите. Призна дека овој дијалог е ризичен, истакнувајќи дека му е помила таквата опција, отколку одреден пораз поради неприфаќањето на дијалогот со Пекинг.

Да се прифатат мигрантите и бегалците

Светиот Отец за време на интервјуто зборуваше и за миграцијата, а новинарот го праша за политиката на одвојување на мигрантските семејства на американско – мексиканската граница која го спроведува администрацијата на САД. Папата Фрањо рече дека ги подржува неодамнешните изјави кои ги објави Епископската конференција на САД, која одвојувањето на децата од нивните родители ги нарече спротивни на католичките вредности и се неморални.

Популизмот не е решение

Светиот Отец предупреди дека популизмот не ги решава проблемите, на пример, проблемот со миграцијата. Она што може да ги реши проблемите се образованието, разборитоста – истакна папата Фрањо. Исто така рече дека Европа треба да престане да ја искористува Африка и да вложува во начини кои ќе бидат од поголема корист за тој континент и тоа би помогнало да се реши миграцискиот проблем во самиот корен.

Улога на жената во Црквата

На прашање за улогата на жената на водечки позиции во Римската Курија, Папата одговори дека се согласува со тврдењето дека има малку жени на одговорни позиции. Тој истакна дека сака да постави повеќе жени како раководители на ватикански дикастерии. Истовремено повтори дека во жените не може да бидат ракоположени. Папата Иван Павле II. беше јасен по ова прашање и ја затвори вратата и јас нема да се навраќам повторно на тоа – рече Светиот Отец.

Црква во излегување

На крајот ја коментираше реформата во Римската Курија, напоменувајќи дека е задоволен од процесот. Иднината на Црквата е на улица – рече Папата при тоа истакнувајќи ја важноста од обожавање, молитва, но ја нагласи и важноста Црквата да биде во излегување, затоа што Црква која е затворена ќе се разболи. Поради тоа е потребно да се излезе, да се излезе со порака: тоа е иднината – рече Светиот Отец на крајот од интервјуто за Ројтерс.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот