Папата го прими претседателот на Република Кореја во Ватикан

Папата го прими претседателот на Република Кореја во Ватикан

Папата Лав XIV во понеделник наутро, 15 јуни 2026 година, го пречека претседателот на Република Кореја, Ли Џе-мјунг, кој потоа се сретна со државниот секретар кардинал Пјетро Паролин. На средбите се разговараше за добрите односи меѓу Светиот Престол и Република Кореја.

Во Апостолската палата во Ватикан, во понеделник наутро, папата Лав XIV го прими претседателот на Република Кореја, Неговата екселенција г. Ли Џе-мјунг.

По средбата со Папата, претседателот се сретна и со државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, како и со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.

Добри односи меѓу Светиот Престол и Република Кореја

За време на разговорите во Државниот секретаријат беше истакнато дека Светиот Престол и Република Кореја одржуваат добри односи, воспоставени пред 63 години, во 1963 година.

Оттогаш, односите меѓу двете страни се развиваат во дух на соработка и меѓусебно почитување. Свети Иван Павле II ја посети Република Кореја двапати, во 1984 и 1989 година, а папата Фрањо во 2014 година, по повод Шестиот ден на азиската младина.

Според соопштението на Светиот Престол, државниот секретар и претседателот на Република Кореја разговарале и за „позитивниот придонес што локалната Католичка Црква го дава во корејското општество, особено во областа на образованието и социјалната помош“.

Разговорите се осврнале и на претстојниот Светски ден на младите во 2027 година, како и на одредени аспекти од регионалната и меѓународната ситуација.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот