Папата го осуди нападот во Еквадор: неоправдано насилство

Папата го осуди нападот во Еквадор: неоправдано насилство

Папата Фрањо „ги воздигнува кон Бог своите молитви за вечен покој на жртвите“ од тешкиот терористички напад во Матаи, во северозападната провинција Есмералда во Еквадор, во кој загинаа три војници, а седум се ранети.

Ова стои во пораката на државниот секретар на Ватикан кардиналот Пиетро Паролин, со датум 21 март, упатена до претседателот на Епископската конференција на Еквадор, монс. Еугенио Арелано, апостолски делегат од Есмералда.

Во пораката објавена на интеренет страницата на Епископската конференција на Еквадор стои: „Неговата Светост веднаш го осуди новиот случај на неоправдано насилство.“ Папата ја изразува својата „духовна близина“ до блиските на загинатите и ги повикува сите „да се молат и да вложат напори во тој измачен од драматични факти регион, да настапи мирниот соживот, мирот и довербата.“

Терорирстичкиот акт во Матаи е четвртиот од почеткот на годината, кога на 23 јануари експлозија на бомба ја уништи полициската станица во Сан Лоренцо провинција Есмералда, ранувајќи 23 луѓе. Владата го зголеми присуството на армијата во областа и го прогласи наркотероризмот за „национален проблем“.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот