Во пресрет на 35. Апостолско патување, папата Фрањо по традиција се помоли пред иконата на Богородица, спасение на римскиот народ.
Попладнето во среда, 1 декември 2021 година, според воспоставениот обичај, папата Фрањо ја посети Папската базилика Пресвета Богородица Велика (Santa Maria Maggiore) во Рим каде се помоли пред чудотворната икона на Пресвета Богородица, спасение на римскиот народ.
Во четврток, 2 декември 2021 година, во 11.00 часот по локално време, Светиот Отец со авион ќе полета од меѓународниот аеродром Фиумичино во Рим за Ларнака-Никозија на Кипар. Папата Фрањо во сабота 4 декември ќе пристигне во Грција, а во понеделник на 6 декември ќе се врати во Рим.
Од почетокот на својот понтификат пред и по секое апостолско патување, Светиот Отец ја посетува базиликата Света Марија Велика (Santa Maria Maggiore) за да се помоли пред иконата на Богородица, Небесната заштитничка на вечниот град, доверувајќи се на нејзината грижа и благодарејќи за патувањето. Папата Фрањо, веднаш после неговиот избор за Папа ја оствари својата прва посета надвор од Ватикан токмуво базиликата Света Марија Велика
Ватикан њуз/к.мк