Папата ги повика младите да не се откажат од сонот за поправеден свет
„Драги млади, не се откажувајте од соништата за поправеден свет!“ – пишува папата Фрањо на твитер објавен на 3 јули на неговиот профил @Pontifex на девет јазици, кој има повеќе од 14 милиони пријатели. Повторно Светиот Отец се обраќа на младите и тоа со зборови на охрабрување и надеж за иднината.
Коментирајќи ги тие зборови на Папата во разговор за Радио Ватикан Џанлука Манела, млад 17 годишен аниматор во заедницата „Нов поглед“, основан од Кијара Амиранте, истакна дека е прекрасен тој поттик на Папата, посебно во моментот кој го живееме, во кој најразлични проблеми нѐ водат до губење на надежта и верата во нашите соништа. Црквата е една од малкумината кои секогаш настојуваат вистински да ја одржат надежта – истакнува Џанлука Манела.
Мислам дека тоа е прекрасно, бидејќи токму тоа ми дава надеж и радост да одам напред и покрај проблемите на реалниот свет, кој пак секогаш и на разни начини настојува да донесе обесхрабрување.
Поради тоа е важно на другите да покажеме дека Бое е љубов, радост… можеме да кажеме, збир на занес, радост и љубов – напомена Џанлука – а тоа е единственото нешто што може да ја одржи надежта да биде жива. Поради тоа на сите начини се трудам да ја пренесам таа позитивна порака, настојувајќи да се живее во радост, во љубов, да се пренесе Бог и со малите гестови, можеми дури само со насмевка кон лицето кое не ти симпатично или пак во најбалналните работи. Бидејќи на крајот и нив можеме да ги поттикнеме на размислување за тоа кои сме всушност ние, христијаните и можеме исто така да ги приближиме младите кои не се верници – рече на крајот малдиот аниматор.
РВ/го*ко