По завршувањето на молитвата на Ангел Господов во недела 30 јули 2023 година, Папата ги замоли сите присутни да го следат со нивните молитви на неговото патување во Португалија, кое започнува во среда, 2 август, каде што ќе претседава со Светскиот ден на млади во Лисабон.
„Ве молам следете ме со вашите молитви на моето патување во Португалија по повод Светскиот ден на млади, на кое ќе заминам во среда. Многу млади луѓе, од сите континенти, ќе ја доживеат радоста на средбата со Бога и со своите браќа и сестри, водени од Дева Марија која по навестувањето „стана… и побрза“ (Лука 1,39). На неа, блескавата ѕвезда на христијанскиот пат, која многу се чествува во Португалија, и ги доверувам ходочасниците на Светскиот ден на млади и сите млади луѓе во светот“.
Ватикан њуз/к.мк