По молитвата Ангел Господов, во првото пладневно обраќање во јули, Папата се осврна на бројните конфликти кои пролеваат крв на нашата планета. Тој конкретно ја спомена Украина, и посочи дека молитвата е нежна сила која го штити и поддржува светот.
На почетокот на вообичаениот летен период во кој папата Фрањо не одржува аудиенција, по молитвата Ангел Господов во недела, 2 јули 2023 година, ги спомна луѓето кои страдаат поради војна и ги охрабри верниците да не се изморат да молат за мир.
Да не се измориме да молиме за мир
Своите мисли Папата повторно „на посебен начин“ ги упати на украинскиот народ. И во овој летен период, да не се умориме да молиме за мир, посебно за украинскиот народ кој толку многу страда.
И да не ги занемариме другите војни, за жал често заборавени, како и бројните конфликти и борби кои пролеваат крв на многу места на Земјата. Денес има многу војни. Да се интересираме за она што се случува, да им помогнеме на оние кои страдаат и да молиме, бидејќи молитвата е блага сила која го штити и поддржува светот.
Ватикан њуз/к.мк