Папата Фрањо на екуменско ходочастие во Женева по повод 70. години од постоењето на Светскиот совет на цркви
Папата Фрањо во четврток 21 јуни 2018 година околу 10.00 часот по средноевропско време пристоигна на аеродромот во Женева како екуменски ходочасник. Имено, Светиот Отец е во посета на Светскиот совет на цркви чие седиште се наоѓа во Женева, а по повод 70 години од постооењето на оваа организација. После приватната посета со претседателот на Швајцарската конфедерација Алаин Берсет, Папата замина во центарот на Светскиот совет на цркви, каде се одржа екуменска молитва. Светиот Отец исто така се сретна со осумчлена корејска делегација во Светскиот совет на цркви, од кои четири се од Северна, а четири од Јужна Кореја.
Потоа следуваше ручек со раководството на Светскиот совет на цркви во Екуменскиот институт Босеј, а околу 16.00 часот во екуменскиот центар на распоред беше екуменска средба каде се обрати и Светиот Отец.
И покрај тоа што станува збор за екуменско ходочастие, сепак ова патување има и пасторална природа и затоа Папата служеше света Литургија за католиците во Швајцарија во центарот Палекспо.
Папата се врати во Рим околу 22 часот по локално време.
к.мк