Папата во Монголија: Религиите во служба на доброто; нека негуваат дијалог, хармонија, надеж

Папата во Монголија: Религиите во служба на доброто; нека негуваат дијалог, хармонија, надеж

На екуменската и меѓурелигиската средба во Улан Батор, папата Фрањо ги охрабри религиите да бидат пример за дијалог и алтруизам во ова време „растргнато од конфликти и раздор“ и да го понудат она во што веруваат, почитувајќи ја совеста на другите, а со цел за најголемо добро за сите. Тој, исто така, предупреди дека фундаментализмот и идеолошкото принудување го компромитираат мирот.

Верските традиции претставуваат извонреден потенцијал за добро во служба на општеството и имаат голема одговорност, бидејќи нивното однесување треба со дела да го потврди она што го исповедаат.

Во својот трет говор во Монголија, папата Фрањо во недела 3 септември 2023 година им се обрати на христијанските водачи и водачите на другите вери, на екуменската и меѓурелигиската средба што се одржа во театарот Хун во Улан Батор. Апелот на Папата е недвосмислен поттик до религиите да преземат одговорност во време кога светот е растргнат од конфликти и раздор, но во исто време е и повик да не се создава конфузија помеѓу религијата и насилството, меѓу светоста и наметнувањето, меѓу верскиот пат и секташтвото и да не се наседнува на фундаментализмот и идеолошкото форсирање, кој го компромитираат мирot.

Осврнувајќи се на монголското небо и пространата земја, кои предизвикуваат трансцендентни и земни димензии кои нè поттикнуваат да размислуваме за потребата луѓето да го насочат погледот нагоре за да го најдат правецот на патување на земјата, Папата истакна дека фактот што сите тие се заедно на едно место, веќе е една порака.

Верските традиции, по својата оригиналност и различност, се извонреден потенцијал за добро во служба на општеството. Доколку оние кои се одговорни за народите го избрале патот на средба и дијалог со другите, тие би дале одлучувачки придонес за ставање крај на конфликтите кои продолжуваат да предизвикуваат страдања на многу народи.

Вера е сведоштво за хармонија

Папата потоа зборуваше за монголскиот народ како пример за заеднички живот меѓу религиите, но и сведоштво за старата хармонија. Тоа е збор – како што рече – со типично азиски vkus, кој го објаснува односот што се создава меѓу различните реалности, без преклопување и хомогенизирање, туку со почитување на различностите и во корист на заедничкиот живот. Верниците се повикани да работат за хармонија на сите, а степенот на хармонија што се шири ја одредува општествената вредност на религиозноста, која се мери врз основа на алтруизмот.

Алтруизмот гради хармонија и таму каде што владее хармонијата има и разбирање, благосостојба, убавина. Згора на тоа, хармонијата е можеби најсоодветниот синоним за убавина. Наспроти, затворањето, едностраното наметнување, фундаментализмот и идеолошкото форсирање го поткопуваат братството, подгреваат тензии и го загрозуваат мирот.

Хармонијата и доликува на заедницата; – истакна папата Фрањо – расте со дружељубивост, слушање и понизност, а религиите се повикани да му го понудат на светот, бидејќи тоа не може да го даде техничкиот напредок. Затоа, со средбата, религиите го збогатуваат човештвото, кое на својот пат често е дезориентирано од кратковидната потрага по профит и благосостојба.

Често не може да најде нишката: фокусиран само на земните интереси, завршува со уништување на самата Земја, мешајќи го напредокот со назадување, како што покажуваат бројните неправди, конфликти, толку многу опустошувања на животната средина, прогони, толку многу отфрлени човечки животи.

Дискретна присутност на мисионерите

Монголија има големо наследство на мудроста – рече Папата и упати општо охрабрување до сите да ја откријат и вреднуваат, опишувајќи ја низ десет аспекти: добар однос со традицијата; почит кон постарите и предците; грижа за животната средина; вредноста на тишината и внатрешниот живот; здраво чувство за умереност; вредноста на прифаќање; способност да се спротивстави на приврзаноста кон нештата; солидарност; вреднување на едноставноста и, конечно, одреден егзистенцијален прагматизам кој се стреми упорно да го бара доброто на поединецот и заедницата.

Светиот Отец го спомена „гер“, традиционална монголска куќа, како пример за човечки простор кој поддржува средби и дијалог, што е конкретно упориште и причина за надеж за оние што се изгубени. Гер е секогаш отворено и гостољубиво место за пријатели, како и оние кои не се познати.

Ова исто така е искуство и на католичките мисионери кои доаѓаат од други земји, кои се примени тука како ходочасници и гости, и кои се впуштаат во овој културен свет, за да дадат скромно сведоштво за евангелието на Исус Христос.

Да не се мешаат религијата и насилството

Гер има и духовна димензија – рече папата Фрањо и објасни: Затоа што нејзиниот отвор свртен нагоре, кој е единствениот низ кој влегува светлината, предизвикува суштинска отвореност кон божественото. Затоа Светиот Отец во заедничкиот живот во гер гледа приказ на помирено и среќно човештво, каде посветеноста за правдата и мирот наоѓа вдахновение и основа во односот со божественото.

Тука, драги браќа и сестри, нашата одговорност е голема, особено во овој момент од историјата, затоа што нашето однесување е повикано да ги потврди со дела учењата што ги исповедаме; не може да биде во спротвност со нив, станувајќи причина за скандал. Значи, нема забуна меѓу религијата и насилството, меѓу светоста и наметнувањето, меѓу религиозниот пат и секташтвото. Нека споменот на претрпените страдања во минатото – мислам пред сè на будистичките заедници – нека даде сила темните рани да се претворат во извори на светлина, незнаењето на насилството во мудрост на животот, како и злото што уништува во добро, кое гради.

Да го понудиме она што сме и во што веруваме

Тоа е обврската што папата Фрањо ја побара од различните вери, подготвени да ја понудат убавината, која ја претставуваат учењата на нивните духовни учители.

Во плуралистичките општества кои веруваат во демократските вредности, како што е Монголија, секоја верска институција, соодветно признаена од граѓанските власти, има должност и пред се право да го понуди она што е и во што верува, со почитување на совеста на другите и со цел на поголемото добро на сите.

Ангажирање на Католичката Црква

Католичката Црква има намера да оди по тој пат – истакна Папата – цврсто верувајќи во екуменскиот, меѓурелигискиот и културниот дијалог, нудејќи им на луѓето и културите богатствата што ги претставува нејзината вера и останувајќи отворена, слушајќи го она што го нудат другите верски традиции.

Дијалогот, имено, не е спротивен на навестувањето; не ги изедначува разликите туку помага да се разберат, ги чува во нивната оригиналност и им овозможува да се соочат еден со друг заради искрено и заемно збогатување.

Можна надеж

Сите религии имаат еднакво достоинство и пат што треба да го одат заедно; оваа наша денешна средба е знак дека е можно да се надеваме – истакна Папата и додаде:

Во свет растргнат од конфликти и раздор, ова може да изгледа утописки; сепак, најголемите потфати започнуваат во сокиреност, во речиси незабележливи димензии. Големото дрво расте од мало семе, скриено во земјата.

Нека процвета тоа уверување дека нашите заеднички напори во дијалог и градење подобар свет не се залудни. Да негуваме надеж – поттикна папата Фрањо и додаде: Молитвите што ги вознесуваме во небо и братството што го живееме на земјата нека потхрануваат надеж; нека бидат едноставно и веродостојно сведоштво за нашата религиозност, за заедничко одење со поглед нагоре, за хармонично живеење во светот, како ходочасници повикани да ја зачуваме домашната атмосфера за сите.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот