Папата: Војната е илузија, пораз; почитувајте ги мировните сили на ОН во Либан

Папата: Војната е илузија, пораз; почитувајте ги мировните сили на ОН во Либан

Во својот пладневен говор по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо уште еднаш се осврна на конфликтите на Блискиот Исток и Украина, барајќи да им се даде простор на дипломатијата и дијалогот. Тој рече дека се моли за сите жртви, за прогонетите, за заложниците за кои се надева дека веднаш ќе бидат ослободени, а особено изрази надеж дека наскоро ќе заврши ова големо бескорисно страдање кое создава омраза и одмазда.

Се бара итен прекин на огнот на сите фронтови, за да се даде простор за дипломатијата и дијалогот. Папата Фрањо, на 13 октомври 2024 година, на спомен денот на последната објава на Пресвета Богородица во Фатима, повторно го крена гласот по молитвата Ангел Господов за да потсети дека војната е секогаш пораз и уште еднаш охрабри да се направи сé на Блискиот Исток за да се постигне мир.

Близок сум со сето погодено население во Палестина, Израел и Либан, каде што барам да се почитуваат мировните сили на Обединетите нации. Се молам за сите жртви, за прогонетите, за заложниците кои се надевам дека веднаш ќе бидат ослободени и се надевам дека ова големо бескорисно страдање создадено од омраза и одмазда наскоро ќе заврши. Браќа и сестри, војната е илузија, пораз, никогаш нема да донесе мир, никогаш нема да донесе безбедност, тоа е пораз за сите, особено за оние кои веруваат дека се непобедливи. Ве молам, запрете!

Доста е со убисивање на невините

Со апелот да се запрат сите видови насилство, папата Фрањо зборуваше за Украина. Неговата молба беше упатена до меѓународната заедница, да не дозволи Украинците да умираат од студ, а потоа и да ги запрат воздушните напади врз цивилното население, кое е секогаш најпогодено, бидејќи – како што истакна – доста е со убивање на невините.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот